Цел живот погрешно ги перете патиките: Направете го ова и ќе бидат како нови подолго време
Сопственикот на фирма за чистење Вил Ланкстон тврди дека перењето патики во машина за алишта не е најдобра идеја.
Во пералната може да се уништи лепакот кој ги држи патиките, дури и ако ги перете со студена вода.
-Ве советувам да не ги перете своите патики во перална за алишта и никако да не ги ставате во сушара. Топлината може да ги згужва и да го уништи лепакот што ги држи. Во сушарата тие може да се стиснат, зависно од кој материјал се – изјави тој за Дејли Мејл.
Наместо перење во перална за алишта, патиките може да ги исчистите со нежно перење на рака.
Ланкстон го потврди и стариот мит дека пешкирите може да бидатнежни ако со нив во сушарата се уфрли и тениско топче.
Ако сакате пешкирите да ви бидат нежни, препорачуваме да уфрлите топче пред сушењето. Може да го ставите и со пердувести јакни, перници и се она што треба да добро да се протресе додека се суши. Тениското топче помагавашите алишта побрзо да се исушат.
Тврди дека чистењето на фармерки во замрзнувач не е возможно, но се препорачува да ги исперете по пет носења и да ги превртите пред перење за да го успорите нивното избелување.
Иако ни се чини дека алиштата се чистат со малку повеќе детергент, Ланкстон тврди дека тоа не е така.
Премногу прашак за перење алишта може да создаде нови проблеми како дамки на облеката, непријатни мириси во машината и долго сушење на облеката – рече тој,
Открива дека перењето облека на висока температура не ги убива бактериите, туку се препорачува избелувач на база на хлор.