Цел е на мајка му – ова се родителите на Џамбо Агушев
Кралот на трубата е копија на својата мајка.
Џамбо ги покажа своите родители и сега е јасно од кој ги наследил продорните сини очи.
Неговото вистинско име е Исеин Џамбо Агушев, а талент за свирење труба покажал уште кога имал само 3 години.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
Кога мајка му слушнала дека малиот Џамбо фатил тон уште на три години, што е инаку исклучително тешко и кога се има искуство, била пресреќна.
Бендот на Агушев е нешто светско, а наше.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
И покрај тоа што е популарен низ целиот свет, никогаш не дозволил славата да го удри во глава.
Секогаш е достапен и за медиумите и за публиката.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
Секој слободен момент го користи да го помине со семејството.
Повеќе од деценија е во брак со преубавата Асена.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
Асена е Турчинка која живеела во Германија.
За време на настапот на Агушеви во Германија, Џамбо ја забележал Асена во првиот ред во публиката и веднаш му паднала во око. Кога се доближила да се фотографира со него, тој ѝ побарал телефонски број и така започнала нивната љуов.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
Џамбо има 4 деца, Мерт, Севги, Мелина и Алина, а тие се неговата причина и мотив да се бори и да чекори само напред кон успехот.
Музичарот е активен и на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да сподели и фотографии од своите најблиски.
На неговиот Фејсбук профил има и фотографии од неговите родители, од кои може да се увиди на кој повеќе личи.