Реклама
Наши ѕвезди

Цел град ме исмејуваше, а таа негираше: Дарко Лазиќ призна дека Ана Севиќ била прељубничка во бракот

Реклама

Пејачот Дарко Лазиќ по неколку години поминати со поранешната сопруга Ана Севиќ, одлучи да ја отвори душата и дека признае дека таа цело време го мамела.

Никој не очекуваше дека Дарко се призна.


– Знаев дека ме мами и молчев да видам до каде ќе оди тоа. А само требаше да ми каже: „Јас се вљубив“. Илјада пати ја прашав, негираше. Сите знаеја, па и јас, таа се правеше луда. Цел град ме исмејуваше. На крајот го повикав него и го прашав дали оди со мојата жена. Не, другар, тамам работа, ми виакше тој. Немој да бидеш безобразен, кажи ми. Немој да прави мајмуни и од мене и од тебе. Ако сте заедно, заедно сте“, го убедував, но тој се негираше, се присетува фолкерот Лазиќ за тогаш, мрачната страна од бракот со Ана.

Маркетинг

Деновите се зборува дека пејачката Ана Севиќ и нејзиното момче Даниел Недељковиќ наводно ќе се венчаат на пролет идната година, дури откако ќе се породи по втор пат. Од првиот брак со Дарко Лазиќ, ја има ќерката Лорена.

Маркетинг

– На Ана и Даниел во моментов единствено им е важно бременоста да помине во најдобар можен ред. Свадбата ја планирале и пред да дознаат дека пејачката е бремена, но коронавирусот им ги помати плановите и ги натера да ја одложат за наредната година, вели извор близок до двојката.

Како што натаму објасни, бидејќи дознале дека бебето е на пат, дефинитивно одлучиле да ја поместат венчавката.

– Организацијата на свадбата, гужвата, гласната музика и фешта до зори не е нешто што им годи на бремените жени. Ана и Даниел не сакаат со непромислени одлуки да го загрозат животот на бебето, па така прославата ја поместија за идната година, рече извор.

Ана, наводно ќе го земе презимето на Даниел, но во јавност поради работата и натаму ќе се претставува како Севиќ. Инаку пејачката и нејзиниот партнер долго посакувале дете но тоа не им успевало.

Ана и Даниел три месеци криеја од сите, па и од родителите, дека ќе станат родители. Сакале да се уверат дека сѐ е во ред и дури откако пејачката ги направила сите анализи и прегледи и откако лекарите ја убедиле дека сѐ е во најдобар ред, малку се опуштиле, вели изворот.

Изворот открива и дека Даниел за својата поубава половина се грижи повеќе од кога и да е и прави сѐ ништо да не и недостасува.

– Буквално ѝ ги исполнува сите желби. Иако Ана и пред бременоста се хранеше здраво, сега уште повеќе води сметка за внесот на хранливи состојки, овошје и зеленчук. Грижата и обврската околу ќерката на Ана, Лорена, од бракот со Дарко Лазиќ, исто така ја презел на себе за да може пејачката повеќе да се одмора, вели изворот, додека пак пејачката и натаму не сака ништо да коментира за нејзиниот приватен живот.

– Нема да зборувам за мојот приватен живот, како што тоа и досега не го правев. Ќе ме разберете, беше кратка таа.

Инаку, пејачката наводно влегла во четвртиот месец од бременоста, а терминот за породување е почетокот на ноември. Дарко Лазиќ, нејзиниот поранешен сопруг, за домашните медиуми рече дека е изненаден од веста за бременоста на Ана.

– Ѝ посакувам сѐ најдобро, и неа и на бебето! Да биде здрава и се да помне како што треба. Не сум се слушнал со неа, еве и јас сега дознавам, кога ќе се слушнам ќе и честитам, рече тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button