Цел време криеше од јавноста дека е бремена, а сега има ново ИЗНЕНАДУВАЊЕ – Татијана сподели преубава вест!
Македонската фолкерка имаше причина за славење.
Убава шармантна и неодолива, неодамна објави дека станала мајка, а сега имаше нов повод за славење.
Имено Татијана Лазаревска бременоста ја држеше во тајност, се до денот кога се породи, па на социјалните мрежи за сподели убавата вест.
За многумина тоа беше вистинско изненадување бидејќи Татјана за време на целата бременост успеа да го скрие трудничкото стомаче.
Татјана и Митко станаа родители на мала принцеза, односно добија ќерка.
„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката на „Фејсбук“, а истата објава беше постирана и на профилот на нејзиниот сопруг.
На малата принцеза и дадоа име Ана, а викендов направија и крштевка.
На социјалните мрежи Татјана сподели дел од атмосферата во ресторанот каде изгледаше како мало розево кралство.
Балони, торта, слатки и украси и секако во кругот на најблиските роднини и пријатели.
Гостите распеани и расположени, а во еден момент и мама Татјана се фати за микрофонот и запеа.
Таа важи за една од поубавите пејачки, а многу брзо по породувањето се врати во форма.
На својот Инстаграм профил сподели фотографии од снимањето на музичка емисија, каде гостуваше заедно со своите колеги.
Она што може да се забележи од фотографиите е тоа дека пејачката се вратила во форма по породувањето и изгледа подобро од било кога. Среќата се забележува на нејзиното лице и таа буквално блеска.