Милјана Богдановиќ (22) го прослави вселувањето во српското шоу „Парови“, таа стана позната по својот законски избраник Милојко Божиќ (75).
Нивниот брак траеше помалку од година. Тие некое време не живеат заедно, а бракоразводната парница требаше веќе да биде завршена.
Милјана е нестрплива и сака што побрзо да се разведе. Таа раскажала како изгледала нејзината разделба со Милојко.
– Од Милојко ништо не ми остана освен телевизорот кој го добив од својата кума Лилјана Вагиќ.
Кога отидов по своите работи тој не сакаше да го задржи тој телевизор, но јас му реков дека тој ми припаѓа на мене, рекла Милјана, пишува Курир.рс.
Изгледа, Милјана нема убави спомени од бракот со Милојко.
– Нема да патам за Милојко кој ми упропасти два живота, рекла Милјана неодамна во разговор за 24часа. Тогаш таа ја потвридила и новата романска.
Го љуби имотниот Милош (61).
– Не знам што да кажам.Започнавме некоја приказна па што биде нека биде. Милош живее во Ужица, од каде се и моите родители.
Така и се запознавме во кафе бар. Сега сме заедно, рекла таа.
Оваа девојка го шокираше целиот Балкан откако стапи во брак со 53 години постариот Милојко, таа беше на мета на бурни реакции од читателите.
Коментарите беа дека младата девојка се омажила со 53-постариот маж само поради пари, и дека во оваа приказна не би можело да има никаква љубов.
Милјана откако стана позната со Милојко, таа на својот Инстаграм профил може да се пофали со добар број на следбеници, па секојдневно ги части своите поддржувачи со интересни фотографии од секјдневието.
Погледнете во продолжение: