Реклама
Вирално

Цел Балкан плаче од смеење заради оваа фотографија од свадба – кога ќе го видите долниот дел од сликата, сé ќе ви стане јасно

Реклама

Не можеме да престанеме да се чудиме на овие фотографии

Последните денови во регионот кружат фотографии од свадби, но една од нив преку ноќ стана хит на целиот Балкан.

Маркетинг

Во прашање е свадба која се одржа на отворено, а една од гостинките очигледно имаше проблем кој мораше да го реши.

Имено, таа на свадбата дошла во тенки високи потпетици, со кои не можеше да стои затоа што свадбата беше на трева.

Маркетинг

Но нејзиното момче, најверојатно, веднаш се сети како да го реши проблемот – со дрвена даска за сечење.

Жената на овој начин ги спаси своите високи потпетици, но и од маката да не „тоне“ во тревата.

Погледнете ги и останатите фотографии од кои ќе видите дека и свадбите не мора баш секогаш да бидат совршени.






Во продолжение прочитајте и неколку свадбени обичаи што ги има во светот

Менување фустани

Дали сте знаеле дека во модерна Кина невестата избира не еден, туку три свадбени фустани? Еден е традиционалниот фустан „qipao“ или „cheongsam“ кој е навезен и кој за свадби вообичаено се прави во црвена боја, бидејќи во Кинеската култура црвената боја е симбол на среќата и се смета за силна боја која може да ги избрка злите духови.

Другиот е раскошен, бел, балски фустан, додека последниот е коктел фустан, кај кој нема ограничување во поглед на бојата.

Цртање по рацете

Цртањето по раце е обичај кој е застапен во Индија. Пред свадбата, уникатни дизајни се аплицираат на рацете и нозете на Индиската невеста, процес познат под името „mehndi“.

Ваквите дизајни се привремени, траат неколку недели, а се прават со користење на исушени листови к’на.

Прескокнување на метла

Прескокнувањето метла се смета за африканско-американски свадбен ритуал. Метлата се украсува со ленти, цвеќиња и предмети кои имаат симболичко значење.

Откуп на невеста

Традиционален свадбен ритуал во Русија е откупот на невеста или „vykup nevesty“. Младоженецот пред свадбата најпрво оди во куќата на неговата идна сопруга, каде го пречекуваат нејзините пријатели и семејство и тие на шега не му даваат да ја види својата сакана, сè додека не им даде пари или подароци. Понекогаш младоженецот треба да погодува гатанки, да танцува или да изведе нешто едноставно што ќе се побара од него. Откако ќе ги импресионира семејството и пријателите на овој начин, тие му дозволуваат да ја види саканата.

Сличен ритуал се практикува и во Македонија.

Откуп на чевли

За разлика од Руските младоженци, мажите во Пакистан треба да платат доколку сакаат да си ги задржат чевлите. По Пакистанската свадба, парот се враќа дома за церемонијата наречена „откривање на лицето“.

И додека сето ова трае, женските роднини на невестата ги земаат чевлите на младоженецот и бараат пари за да му ги вратат.

Семејството и пријателите држат зелена шамија над главите на невестата и младоженецот и невестата го симнува превезот кој го носи во текот на свадбената церемонија.







Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button