Цел Балкан зборува за штипскиот градоначалник- еве како му се заблагодари синот на жената што ја спаси од сигурна cмpт
Поради неговиот храбар подвиг реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат.
На социјалните мрежи масовно се споделува херојското дело на штипскиот градоначалник Д-р Сашко Николов, успеал да реанимира жена која изгубила свест додека пливала.
Практично тој спасил живот на жена која загубила свест и потонала во водата.
„Во текот на попладневна плажа, сите си игравме со своите деца во водата, наеднаш една жена изгуби свест и пропадна во водата. Сите испаничено почнавме да бараме помош. Од никаде се појави едно момче, кое исплива од водата и веднаш почна да ја реанимира жената. После 15 минути момчето ја смири целата ситуација на самата плажа и од она што го видов, на жената и се врати бојата на кожата на лицето. Кога добро го загледав момчето, видов дека станува збор за нашиот градоначалник Д-р Сашко Николов, кој несебично се впушти во спасување на животот на жената. После 30 минути дојде брза помош, кои внимателно ги испочитуваа инструкциите од нашиот градоначалник, кој помогна да жената ја качат во брзата помош и ја однесат жива во болница. Кога се врати на плажата, сите започнаа да ракоплескаат, а тој им посочи дека не треба да ракоплескаат туку да дадат поддршка за фамилијата на жената. Каков човек!!! Среќа што на оваа плажа беше нашиот доктор, нашиот штипски градоначалник“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Како доктор тој направил сè што е потребно и спасил живот, а сега на социјалните мрежи се огласи и синот на жената која e најверојатно од Србија.
Целата драма се одвивала на плажа во Грција, Халкидики, а момчето јавно му заблагодари на доктор Николов.
„24.07.21, на плажа Неа Потидеа, Халкидики, мојата мајка ја реанимира и спасил од сигурна c*pт, за мене до тогаш потполно непознат човек, кого ден подоцна го побарав и запознав како Д-р. Сашко Николов.
Д-р Николов го запознав во една многу трауматична ситуација и покрај тоа го доживеав како врвен медицински професионалец, хуманитарец, кој ни секунда не се двоумеше да помогне и благодарение на неговата стручност и присебност мојата мајка е повторно меѓу живите“ напиша Александар Драгичевиќ и додаде:
„Со ова сакам јавно и најсрдечно да се заблагодарам на господинот Сашко Николов, кој како што дознав, на мое големо изненадување, не „само“ доктор кардиолог, туку и градоначалник на градот Штип во Македонија! Кога на нашите балкански простори сите политичари би биле вака стручни, хумани и подготвени да помогнат на оние на кои помошта им е неопходна, ние не само што не би биле во „војна“ меѓусебно, туку Балканот би бил нјаразвиен дел од Европа“ напиша Александар, син на жената која Николов и го спасил животот.
Тој уште еднаш се заблагодарува на Николов и потенцира дека тој и неговото семејство никогаш нема да заборават што тој направил за нив.
Николов е роден на во Штип. Има завршено студии на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитет „Гоце Делчев“
Како пратеник имал повеќе активности во Собранието. Тој бил член во Комисија за надворешна политика, и член во Комисија за здравство.
Млад и квалитетен интервентен кардиолог од штипската Клиничка болница, кој пред 4 години се префрлил од приватна институција во оваа болница, со цел да придонесе повеќе за развојот на интервентната кардиологија и да понуди дополнителни услуги коишто биле недостапни за пациентите од овој регион.
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов
Фото: Фејсбук/ Д-р Сашко Николов