Цело Скопје се вртеше по неа – познатата дама го покажа голиот стомак и тетоважата што неодамна ја направи
Никогаш не изгледала поубаво
Со тесната креација го истакна секој детаљ од своето тело
Познатата скопска инфлуенсерка и модна блогерка Агнеса Органџиева од почетокот на својата кариера значително го промени својот физички изглед, а оние што ја следат на социјалните мрежи за неа велат дека сега изгледа подобро од кога било досега.
Таа важи за една од најпознатите Македонки на Инстаграм, а нејзините објави секогаш привлекуваат внимание.
Впрочем така беше и овој пат кога русокосата скопјанка на еден настан се појави во издание со кое сите ги остави без здив.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Веќе и врапчињата знаат дека оваа дама води сметка за својот изглед, но и дека никогаш не греши кога е стилот во прашање.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Органџиева тоа го покажа и сега кога со своето последно издание блесна и ги засени дамите што беа во нејзина близина.
Таа се појави во тесно бело здолниште со должина до подот и тесна бела кроп-топ ролка со која ги истакна своите облини.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Но покрај тоа што стомакот беше гол овој дел од телото беше во фокусот и заради ролката под која се познаваше градникот.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Агнеса целото издание го зачини со шик бели салонки со високи потпетици и шарена марама која што ја носеше преку рамениците, додека нејзината долга руса коса како и малата црна чантичка во комбинација со останатите детали дополнително го зачинија ова феноменално есенско издание на познатата дама.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Како таа изгледше и зошто сите се вртеа по неа кога се појави во ова издание, погледнете во продолжение…