Реклама
Наши ѕвезди

Цело време погрешно сме го изговарале презимето на Алачки?

Реклама

И на нејзиниот поранешен сопруг не му е лесно

Фото: Фејсбук/Адријана Алачки

Ретко кој во Македонија знае да го изговори и напише презимето на Адријана Алачки правилно и тоа е затоа што досега најверојатно никој не им го кажал тоа. Имено, тоа прв пат беше документирано минатата година, кога нејзиниот поранешен сопруг, Горан Алачки, инаку познат македонски хармоникаш и композитор, за Свет Австралија изјави дека таа никогаш не била Алачки, туку Алачка.

Горан суптилно објасни дека целото време медиумите погрешно го изговараат и пишуваат нејзиното презиме, кое инаку и не е нејзино, туку негово, бидејќи моминското и е Атанасовска. Композиторот, наводно, тогаш побарал и од медиумите да не го користат неговото презиме во контекст со неговата поранешна сопруга, но и по цела една година откако македонските медиуми го пренесоа неговиот апел, како и објаснувањето, Адријана се уште е Алачки.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/Адријана Алачки

Имено, пејачката и водителката на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“ и на социјалните мрежи се потпишува така, иако според зборовите на нејзиниот поранешен сопруг, во пасошот и останатите документи пишува Адријана Алачка. Но очигледно дека тоа не и пречи на пејачката, а дали тоа ќе остане така и во иднина, останува да видиме.

Инаку, Горан и Адријана беа во брак речиси 25 години и од тој брак имаат две деца, како и една внука.

Маркетинг

Еве зошто жените по разводот не го враќаат моминското презиме

Жените по развод најчесто не го враќаат своето моминско презиме бидејќи во прашање е пеколна постапка. Доколку не го направат тоа веднаш по разводот, односно во првите два месеци, подоцна се потребни голем број документи. Исто така поради презимето ќе мораат да ги менуваат и личната карта, пасошот, сообраќајната, здравствената книшка и сите други документи, а сето тоа покрај тоа што е скапа процедура, потребни се и доста време и пари. Од тие причини се поголем број на жени во Македонија одлучуваат да го задржат презимето на својот сопруг, особено откако ќе сфатат што се’ им е потребно да за го вратат моминското.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button