Целото СЕМЕЈСТВО се собра на едно место: Наум и Зуица ПРЕСРЕЌНИ – еве што славеа
Целото семејство се собра на место, а македонскиот пејач и неговата сопруга беа најсреќни.
Наум и Зуица имаа убава причина за славење, а нивните најсакани славеа заедно со нив.
Македонскиот славеј, живата легенда, Наум Петрески и неговата сопруга Зуица Лазова се долги години во брак, а на нивната љубов секој ќе позавиди.
Во својата професија се на врвот, а кога тие ќе запеат човек не може да остане рамнодушен.
Без песните на Наум не може да помине ниту една прослава во земјава.
Нема човек кој не ги знае тие безвременски хитови.
„Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“.
Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.
Заедно со Зуица имаат две деца, синот Стефан и ќерката Македонка. Од првиот брак ги има ќерките Сања и Анастасија.
Негова наследничка во музичките води сега засега е само Анастасија, која има извонреден глас и веќе на големо чекори кон врвот.
Наум и Зуица имаа убава причина за славење, а нивните најсакани славеа заедно со нив.
По повод роденденот на Наум целото семејство се собра во една од скопските кафеани и славеше.
Пејачот беше прегорд што сите негови деца и внуците се тука за нефо, па не можеше да ја сокрие насмевката од лицето.
Неговите најблиски споделија и фотографии и видеа од прославата.
Погледнете:
ФОТО: Принтскрин / Инстаграм
ФОТО: Принтскрин / Инстаграм
ФОТО: Принтскрин / Инстаграм
ФОТО: Принтскрин / Инстаграм
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески