Целото семејство добило треска: Познатата актерка заразена со коронавирус, поради овие симптоми се тестирала
Деби Мазар објави дека е позитивна на коронавирус, па објасни какви симптоми имала.
Актерката откри дека се почнало кога целото нејзино семејство имало треска.
„Позитивно сум тестирана на Ковид-19. ОК сум. Пред околу месец дена, целото мое семејство (сопругот и двете ќерки – тинејџерки) и јас добивме треска, главоболка, болки во грло, болки во телото, ѕвонење во ушите и сува кашлицца. Брзо ни беше подобро. Мислев дека е сезонски грип, но се чувствував некако необично, поинаку. Две недели подоцна, на 15 март, се разбудив со сите тие исти симптоми, но со многу интензивни болки во телото и повишена температура“, напиша Деби, и наведе дека пред неколку дена отишла да се тестира.
Таа додаде дека моментално се наоѓа на домашно лекување, како и дека нејзиното семејство е во самоизолација, и дека тие сега немаат никакви симптоми.