Целосно си ја отвори душата: Слаткар откри зошто почнал да пелтечи – доживеал голема траума
Слаткар никогаш поискрено не говорел за својот живот.
Раперот откри каква траума доживеал.
Марко Маринковиќ е еден од најдобрите, но воедно и најуспешните рапери во нашава земја.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Токму поради него и рап музиката стана популарна музика во Македонија.
На почетокот на 2000-тите Марко уживаше огромна популарност.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Тој беше симпатија на секоја девојка, а момчињата сакаа да бидат како него.
За неговите концерти се бараше билет повеќе, а така е и денес.
ФОТО: Инстаграм / Марко Маринковиќ
Марко не сака многу да зборува за својот приватен живот, но во поткастот на Лазаров си ја отвори душата.
Никогаш досега претходно ја нема откриено причината за неговото пелтечење, но сега проговори и за тоа:
„Правев операција на крајници како многу мал, во 1988 или 1989 година на 2-3 години.
Децата во тоа време лежеле сами во болница, нема мајка.
Едно мало дете не може да мрдне без мајка му, а јас сум лежел сам во болница.
Не само јас, сите деца на таа возраст.
Самата држава била таква „мораме да ги правиме децава јаки, нема што со мајка, ќе лежат сами“.
Веројатно јас сум се исплашил, сум бил многу сиплашен.
Кога ме извадиле од болница сум почнал да д’ткам“, кажа Марко.