Целиот регион на нозе откако исчезна малата Данка – познатите апелираат до сите што живеат во Виена
Девојчето наводно било забележано во овој град
Многу познати се вклучија во потрагата по малата Данка
Веќе со денови веста за исчезнатото двегодишно девојче од Бор, Данка Илиќ, го тресе целиот регион.
Откако на 31 март српскиот Телеграф објави видео направено во Виена на кое се наоѓа девојче за кое многумина се сомневаат дека е Данка со две жени од Романија, се огласи и пејачот Слоба Радановиќ.
Имено тој на својот профил на социјалните мрежи објави важен апел до сите луѓе од Балканот што живеат во Виена.
Еве што напиша тој во својата објава:
Принтскрин/ Социјални мрежи
„Очевидец вели дека го забележал девојчето во Виена заедно со две Романки. Апел до сите наши луѓе во Виена и Австрија да бидат внимателни и веднаш да јават во полиција доколку ја видат Данка“, напиша тој.
Принтскрин/ Социјални мрежи
„Но и да ги задржите дотичните и детето додека не дојде полицијата“, додаде познатиот пејач во својата објава.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Претходно се огласи и Драгана Мирковиќ која веќе долги години живее во Виена која исто така испрати апел до сите.
Имено, пејачката преку својот профил на Инстаграм каде што има преку 1.5 милиони следбеници сподели слика од девојчето со молба до сите луѓе што потенцијално нешто дознаат, да се јават во полиција.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Потсетуваме, по исчезнувањето на Данка Илиќ (2) во Србија за прв пат беше вклучен системот „Пронајди ме“, популарно наречен „Амбер алерт“, а медиумите вчера објавија видеоснимка на која се наоѓаат две жени и девојче за кои се тврди дека се Ронанки, а со нив наводно е и исчезнатата двегодишна Данка Илиќ од Бор.
Снимката е направена во Виена и на неа се гледаат две жени како стојат на улица, со торби, додека околу нив се игра мало девојче кое несомнено потсетува на малата Данка за која се трага веќе со денови.