Целиот Балкан се прашува дали Мики и Јулија се сакаат – финалистите ги изненадија сите со одговорот
Еве за која пејачка се зборува дека е во врска со Мики
Мики Секуловски деновиве беше гостин во една од најгледаните естрадни емисии во регионот, „Амиџи-шоу“ на Огњен Амиџиќ.
Тој беше гостин со своите колешки од „Ѕвездите на Гранд“, а одговараше и на „незгодни“ прашања поврзани со гласините дека тој и Јулија Петровиќ имале љубовна афера за време на натпреварот.
И додека траеше шоуто се шушкаше дека Мики и Јулија се повеќе од пријатели, но тие тогаш и двајцата го негираа тоа.
Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу
Сепак, во споменатата емисија и двајцата не криеја дека чувствуваат емоции еден кон друг, а дали тие се само пријателски или има нешто повеќе од тоа, тие се уште немаат откриено.
Впрочем Мики и по неверојатниот успех што го постигна во шоуто, не сакаше да го потврди овие гласини.
Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу
Тогаш финалистката Бета Судар пред камерите на „Гранд“ призна дека знае за двајца колеги од шоуто помеѓу кои постојат симпатии, но не сакаше да ги открие иако индиректно го посочи токму Мики.
Инстаграм/ Јулија Петровиќ
„Јас знам дека има симпатии и знам кои се, но нема да ви ги кажам“, изјави со насмевка пред камерите Бета, па додаде дека само прашање на време е кога тие ќе го откријат тоа. Новинарите иако беа упорни да дознаат кои се вљубените гулаби, финалистите останаа мистериозни, но со ветување дека наскоро ќе откријат.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
„Прашање на време е кога ќе признаат, еве Мики вели за месец дена“, изјави Судар пред камерите, а Мики го потврди тоа.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Потсетуваме, во „Амиџи-шоу“ и на Јулија и беа поставени неколку незгодни прашања, а едно од нив е дали би била во врска со Мики Секуловски доколку Цеца реши да сними спот со неа.
Инстаграм/ Јулија Петровиќ
Тоа наводно го ветила Цеца, а Јулија одговори политички, дека би се согласила, но само ако Цеца и го каже тоа.
Повеќе за ова дознајте тука…