Реклама
Наши ѕвезди

Целиот Балкан зборува за она што го направија Мики Секуловски и Цеца Ражнатовиќ во Македонија

Гранд пишува дека нивната заедничка изведба на песната на Цеца толку била добра што може да влезе во историјата

Реклама

Фановите на Мики воодушевени

Се уште не стивнуваат реакциите во врска со настапот на Мики Секуловски на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Битола.

Цеца пред само неколку дена одржа концерт за паметење во Градот на Конзулите, а како што пренесуваат и медиумите од регионот, посебна магија се случи кога Мики Секуловски на кого таа му беше менторка во „Ѕвездите на Гранд“, се појави на бината.

Маркетинг

И бидејќи Мики е рок пејач, сите беа изненадени кога заедно со Цеца запеа една од нејзините најпознати песни и сите ги воодушевија.

Маркетинг
Инстаграм/ Мики Секуловски

Станува збор за песната „Ко на грани јабука“ која своевремено Цеца ја пееше со Жељко Шашиќ, а која Мики ја испеа неверојатно.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Публиката беше воодушевена од оваа нивна изведба, за што сведочат и бројните снимки што се уште се вртат на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики по концертот даде и интервју за „Гранд.онлајн“ и не криеше дека е возбуден што настапи со една ја најголемите ѕвезди на Балканот.

Инстаграм/ Мики Секуловски

„Беше неверојатно! Да се пее со најголемата ѕвезда на Балканот навистина е чест и големо задоволство. И се заблагодарувам на Цеца на приликата и се надевам дека ќе имаме уште многу заеднички настапи“, изјави тој.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Потсетуваме, Мики Секуловски пред неколку дена ги изненади своите фанови со уште една преубава вест.

Инстаграм/ Мики Секуловски

По феноменалниот концерт на Андријана Петруовска во нејзиното Драчево, сега следува и концертот на Мики во родниот Велес.

Големиот концерт ќе се случи на 21 јули, во Амфитеатарот во Велес, а Мики како гости на концертот ги најави неговите колеги од „Ѕвездите на Гранд“ Андријана Петрушовска и Омар Џаферовски, како и познатата македонска пејачка, Лина Пејовска.

Повеќе за ова прочитајте тука

Бонус видео

Инстаграм/ Мики Секуловски

Мики и Цеца во акција

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button