Целиот Балкан зборува за ова издание на познатата Македонка – жена и мајка што сите ги воодушеви
Младата пејачка ги изненади сите со својот нов имиџ, но и со своето ново ремек-дело
Кога се појави на сцената изгледаше како божица, но потоа уште повеќе загрме во својот нов спот и повторно го украде шоуто…
Пејачката Антониа Гиговска често ги менува стиловите, но и фризурите и со овие промени секогаш привлекува внимание.
Но овој пат таа сите ги воодушеви најпрво појавувајќи се на сцената на Макфест во необичната црна креација за која се уште сите зборуваат, а потоа и со објавата на новиот спот за песната „Жена“.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Гиговска во спотот се појавува во мошне провокативна креација во која блеска од глава до пети, но еден детаљ привлече поголемо внимание.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Станува збор за нејзината нова кратка руса коса која пејачката би можела да ја врати повторно во мода, како што беше и до неодамна.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
И додека во црната креација со отворено деколте и со црна марама на главата Гиговска изгледаше како светските диви на црвениот килим, пејачката во провокативната црвена креација што ја носи во спотот и со својата нова фризура привлече најмногу внимание и на сите им се допадна со овој свој нов изглед.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Нејзините фанови кои што ја следат и на социјалните мрежи знаат дека таа сака да го менува имиџот, но овој пат се надмина себеси.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Следуваа бројни позитивни коментари како за песната, така и за новиот имиџ, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Јутјуб
„Македонија не смее да ја игнорира оваа ЖЕНА! Ова боли колку е добро, од песната до спотот, не знам што е подобро. Ајде, ова заслужува милиони“, беше само еден од многуте коментари што Гиговска ги доби и од своите фанови од соседството.
Принтскрин/ Јутјуб
Па, големо БРАВО за оваа наша дама!