Целиот Балкан во голем шок по убиството на Вања – овој монструозен детаљ ги збунува и експертите (видео)
Многу нелогичности во врска со целиот монструозен случај, а една од нив посебно се издвојува...
Постојат неколку неразјаснети работи околу убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски кои кај јавноста, како во Македонија, така и во регионот, предизвикуваат недоумица.
Потсетуваме, 14-годишната Вања Ѓорчевска беше грабната и убиена, а полицијата трагајќи по неа и по киднаперите дојде до сознанија дека истите осомничени претходно направиле уште едно убиство.
Тие наводно, на 22 ноември го убиле велешанецот Панче и истиот го закопале во близина на Велес, а го одзеле неговиот автомобил.
Со истиот автомобил тие подоцна ја грабнуваат Вања, на 27 ноември, кога таа излегува од дома и тргнува на училиште.
Фото: Фејсбук
Но она што на сите им е крајно сомнително, па и нелогично е тоа каки овие лица успеале да ја грабнат Вања и тоа во центарот на градот.
Имено, Вања живее во зграда во Дебар Маало, во близина на Градски парк, каде во времето кога таа била грабната е голема гужва.
Тројцата осомничени, како што откри министерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата за новинари, на 27 ноември, во раните утрински часови, ја пречекале младата девојка во влезот од зградата, и ги врзале рацете и нозете, ја ставиле во вреќа за спиење, и ја однеле во автомобилот. И тоа во автомобилот марка „цитроен“ кој претходно го украле од првата жртва, која што неколку дена претходно ја убиле и закопале во близина на Велес.
Фото: Фејсбук
Тие потоа во колона со уште едно возило заминале надвор од Скопје, на местото каде што го извршиле второто убиство.
Но она на што посочуваат многу експерти од областа на криминалистиката е прашањето како осомничените успеале да го направат тоа и тоа во еден од најфреквентните делово на градот, а никој да не ги забележи. Се поставува и прашањето како овој автомобил кој подоцна истиот ден бил најден запален, и тоа во близина каде што по една недела е најдено и телото на Вања, не бил веднаш забележан на бројните прегледани снимки за кои и претходно беше откриено дека се прегледани и дека нема никаква трага.
Како што вели и Божидар Спасиќ за Блиц ТВ, познат поранешен припадник ја југословенската служба за Државна безбедност, во времето кога Вања е киднапирана, па и убиена, Скопје беше под полициска и воедно „опсада“, бидејќи кај нас се одржа и подготвуваше состанокот на ОБСЕ, на кој дојдоа преку 150 државни службеници.
Сомнително е тоа што тие го избрале баш овој момент, што за него е збунувачки, посебно што Вања е грабната не толку далеку од местото на кое што по неколку дена ќе се одржи состанокот на ОБСЕ.
Фото: МВР
Но како што вели Спасиќ, во врска со тоа зошто девојчето е убиено и дали станува збор само за користољубие или можеби има и некој друг мотив, сигурен е дека колегите од Македонија во текот на истрагата ќе дојдат до сите одговори. Тој исто така напомена и дека вакви киднапери и убијци ги нарекуваат со „несмасни“, израз што можеби нема да и се допадне на јавноста, но кој би можел да опише некои нелогичности при извршување на нивното кривично дело.
Од друга страна, како што забележаа и друг експерти, се поставува и прашањето доколку мотивот е користољубие, односно осомничените решиле да ја киднапираат малата Вања, зошто тие никогаш не побарале пари, што било и основната цел на нивниот свиреп злочин.
Како што претходно објави министерот Оливер Спасовски, киднаперите наводно се испаничиле и решиле да ја убијат Вања.
Фото: Фејсбук
Нејасно е зошто овие лица, кои претходно убиле човек за да го извршат ова дело, откако сурово ја киднапирале и ризикувале да бидат фатени, и тоа во централно градско подрачје, ставајќи ја во багажникот од автомобилот, во време кога сите луѓе одат на работа, на крај кога успеале да го направат сето ова, ја убиваат девојката и тоа само по неколку часа, без да побараат пари од мајката.
Како што претходно изјави обвинителот Гаврило Бубевски, осомничените наводно се исплашиле дека полицијата ќе го открие нивниот план, па решиле да го ликвидираат малолетното девојче, пред нејзината мајка да биде известена за откупот.
Од тука се поставува и прашањето како тие знаеле дека мајката пријавила во полиција, кога таа во тоа време се уште не објавила ништо за исчезнувањето на Вања на социјалните мрежи, а таткото, кој исто така е еден од осомничените, дури по убиството пријавува во полиција.
Многу од овие прашања остануваат неодговорени, а голема мистерија е и улогата на таткото на малата Вања.
Имено тој е уапсен под сомнение дека директно или индиректно учествувал во киднапирање на сопствената ќерка.
Според она што досега беше соопштено за медиумите, тој наводно ги давал информациите за нејзиното движење.
Но овие информации тројцата осомничени не ги добивале директно од него, туку од Палчо, а таткото негира вмешаност. Токму заради ова се поставува и прашањето дали тој знаел дека Палчо кој е посочен како организатор и извршител на овој злочин, планира да ја киднапира неговата ќерка, дали овие информации му ги доставувал свесно или несвесно, како и дали знаел дека неговата ќерка е убиена во истото време кога ја пријавил за исчезната во полиција.
Ова се само некои работи за кои нашата јавност која е потресена од овој страшен злочин бара одговор, а кои за сега се објаснети со тоа што не станува збор за професионални криминалци, односно осомничените во своите биографии немаат слични злочини, па постои можност навистина да ги фатила паника и на пример да пукале во малолетната девојка доколку таа се ослободила и се обидела да избега.
Но дали тоа навистина така се случило или не, и дали на крај ќе добиеме некаков логичен одговор на сите овие прашања, останува да видиме и да се надеваме дека сите што се инволвирани во случајот навистина ќе бидат фатени и ќе си ја добијат заслужената казна.
А дотогаш, и од сега и за секогаш, нека и е лесна земјата на Вања…