Познатата актерка повторно ги изненади фановите со проѕирен фустан под кој носеше само минијатурно боди.
Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во хит серијата „Сулејман величествениот“ се прошета вчера на црвениот килим во смело издание со кое буквално го украде шоуто.
Маркетинг
Убавата актерка носеше полупроѕирен светкав фустан во златна нијанса под кој носеше само минијатурно боди.
Светкавиот фустан го истакна убавото тело на актерката, а посебно „позадината“ и нејзините долги витки нозе.
Маркетинг
Таа фотографиите ги објави на својот профил на Инстаграм и доби бројни лајкови и комплименти на сметка на убавиот фустан, но и на својата совршена линија.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Хурем?
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .