Цела српска естрада ја поддржа Тамара, а ние на нивната претставника и дадовме – нуличка!
И покрај тоа што македонското жири не и даде ниту еден поен на претставничката од Србија, Невена Божовиќ, која настапи со песната „Круна“, многу познати српски ѕвезди искрено навиваа за Тамара до самиот крај.
Меѓу нив и пејачот Жељко Јоксимовиќ кој ја поддржа нашата претставничка на Евровизија нарекувајќи ја победничка. Тој меѓудругото на својот Твитер профил побара и да се преиспита начинот на евровизиското гласање.
„Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровизија. За мене, вечерва Тамара победи“ напиша Јоксимовиќ.
Покрај Жељко генијалниот настап на Тамара го поздрави и најголемата фолк-дива на Балканот, Светлана Цеца Ражнатoвиќ, како и Марија Шерифовиќ која нагласи дека Македонија и Тамара беа гордост на вечерта.
Марија ја повика Србија да гласа за неа, додека Јелена Карлеуша уште втората полуфинална вечер ја прогласи нашата претставничка за победничка, и ја потсети својата нација за кого треба да го даде својот глас.
Но откако Македонија не и даде ниту еден поен на Србија, голем дел од српските пејачи беа разочарани. И со право бидејќи повеќето од нив цело време ја повикуваа нивната земја да гласа за песната на Тамара.
„Македонија не и даде ниту еден поен на Србија? Дали видов добро? Најдете кој е во жирито. Најдете“, напиша Марија Шерифовиќ, а сличен коментар сподели и пејачката Гоца Тржан на социјалните мрежи.
„Фала браќа Македонци на нуличката, јас гордо гласав за Тамара“, напиша таа.