Цела Македонија шокиpaна од новото видео на Марија Тодоровска – фолкерката со овој потег никого НЕ остави рамнодушен!
Пејачката за домашен миленик избра необично животно
Одамна е познато дека јавните личности се големи љубители на скапи (и необични) домашни миленици, но нашата позната фолк пејачка ги „шокираше“ сите кога на социјалните мрежи го покажа своето ново милениче.
Животните се важен дел од секојдневието на луѓето, а многумина се поврзуваат со нив и ги сметаат за дел од нивното семејство.
Ѕвездите секако дека не се изоставени од оваа приказна. Познато е дека и на нив им е во крвта да се посветат максимално на своите „пријатели“, а некои одат до таа мера што нивните миленици стануваат познати и популарни исто како и нивните сопственици.
И повеќето од нив ќе ве освојат на прв поглед, а најинтересно е тоа што не чуваат сите само кучиња и мачки.
Имено додека некои ѕвезди се фалат со своите миленици за кои дале и по неколку илјада евра, како и со тоа што им слават родендени во елитни ресторани и ги разгалуваат до таа мера што за нив избираат најдобра храна, им купуваат скапи играчки, па дури и ги испраќаат на луксузни патувања, постојат и такви кои привлекуваат внимание со самиот избор на миленик. Па така уште од пред десетина години прасињата станаа мошне популарни во Холивуд, а ваков миленик имаа ѕвездите како Џорџ Клуни, Тори Спелинг, Мајли Сајрус и бројни други. Но денес едни други, мали животни би можеле да им го земат местото на популарните прасиња.
А токму за такво животно се одлучи и пејачката Марија Луиса која не крие дека сака малку поинаков миленик.
Имено, контроверзната битолска фолк-пејачка деновиве на социјалните мрежи откри каков подарок сака за „Денот на вљубените“ и ги изненади своите фанови.
„Се наближува Денот на вљубените, па ако некој е заљубен во мене и сака да ме изненади, сакам да ми подари бебе коза… Ви благодарам за разбирањето!“ напиша Марија откривајќи дека сака јаре.
Марија си го доби она што си го бараше!
И не поминаа ни 24 часа, а таа веќе се пофали со својот нов домашен миленик и ги шокираше сите.
https://www.instagram.com/p/CZj0IkkIoe8/
Пресреќна што конечно има свое милениче, пејачката веднаш се пофали пред своите следбеници на социјалните мрежи.
Па ако некогаш сте се запрашала како изгледа за домашен миленик да имате јаренце, погледнете во продолжение.
Нов тренд во светот
Во последно време џуџестите кози (камерунска коза) стануваат се попопуларни за домашни миленици.
Многу познати ѕвезди се почесто избираат џуџести кози за миленици, погледнете колку се слатки.
Денес овие мали козички би можеле да ги заменат прасињата, а на многумина им се послатки од мачките и кучињата.
Постојат повеќе видови на кози, но за миленици најчесто се избира џуџеста коза, која како и класичната домашна коза, дава млеко.
Тие во последно време се голем хит и на социјалните мрежи, а можат да пораснат од 30 до 40 сантиметри.
Но оние што сакаа ваква козичка за миленик, мора да знае дека е неопходно да и обезбеди место во дворот.
Тие можеби би можеле да се навикнат на стан, но не е препорачливо, бидејќи сакаат да џвакаат се што ќе најдат.
Инаку, се што име потребно за да бидат здрави и весели се многу храна, вода и играње.
Тие јадат по неколку пати на ден и имаат потреба од друго живот за друштво, кое не мора да биде од нивниот вид.
Пијат исклучиво свежа вода. Покажуваат љубов и приврзаност ако со нив се постапува убаво.
Со повеќе труд можат и да се дресираат.
Погледнете колку се слатки…
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
https://www.instagram.com/p/CZlZotSPYSn/
https://www.instagram.com/p/CZlSpyvsABd/
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм