Цела Македонија во шOк од Карлеуша, а оваа жена е виновна за сé – БЕЗОБPAЗНОТО издание на пејачката за кое зборуваат сите!
Пејачката направи лудило во Битола и Струмица…
Најголемата поп-ѕвезда на Балканот, Јелена Карлеуша, на настапите што ги имаше овие денови во Македонија никого не остави рамнодушен. Таа најпрво настапи во Битола во екстравагантна комбинација со која го истакна своето раскошно тело и ја фрли публиката во транс.
Облечена во трико со долги ракави и ракавици, мрежести чорапи и црни чизми со тенки високи потпетици, Карлеуша едноставно ја хипнотизираше публиката, а омилен момент на сите им беше кога се сврте со грбот и почна да тверкува заедно со своите згодни танчарки на сцената.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Таа едноставно блескаше со ова свое бомбастично издание, а блескаа и блицовите на телефоните на публиката која цело време ја снимаше.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
„Оваа жена нема конкуренција“, „Секоја чест за изгледот, но и за лудилото што го направи“, „Презгодна си“, беа само некои од коментарите што популарната пејачка ги доби по настапот во нашата земја.
Како таа изгледаше во ова издание за кое зборува цела Македонија, погледнете во галеријата што следува.
A еве како изгледаше и следната вечер:
Инаку, главен виновник за ова контроверзно издание на Јелена е познатата српска дизајнерка Марија Марковиќ.
Карлеуша веќе со години соработува со неа, како и многу други познати дами од регионот, меѓу кои и најголемата непријателка на ЈК од светот на естрадата, Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Токму Марковиќ е одговорна за некои од најшокантните изданија на Карлеуша, како и на многу други познати пејачки од Балканот, а повеќе нејзини креации погледнете на крајот од галеријата.
Инаку, токму оваа модна креаторка е виновна и за изданието на Анастасија Ражнатовиќ од спотот „Готово“. Имено, повеќе од очигледно беше дека комбинацијата што младата пејачка ја носеше во спотот им послужила како инспирација на луѓето кои што работеле во филмот „Гучи“, во кој Лејди Гага во една сцена се појавува во потполно идентично издание.
Како што може да се види во кадарот во кој Гага ја изговара реченицата „Во името на Таткото, и Синот и куќата на Гучи“, пејачката на себе носи ист фустан во црна боја со црвени туфни како оној на Марковиќ.
Што се однесува до спотот на Анастасија, стајлингот е со потписот на стилистката Елена Николајевна, додека фустанот е на Марија.
Погледнете ги и останатите нејзини креации:
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Марковиќ