Цела Македонија воодушевена од новата песна на Каролина – „грмат“ на социјалните мрежи љубовните стихови на познатата пејачка!
Ова мора да го слушнете!
Нашата позната пејачка Каролина Гочева објави нова песна која судејќи според коментарите ќе биде сериозен хит.
Песната „Од небо до дно“ ќе ви се допадна уште на прво слушање и ќе ве натера да ја пеете преку целиот ден.
„Во моиве мисли танцуваш ти, живееш овде во нив. Повторно се прашувам, но не знам дали веќе ме преболи ти. Откако ме нема нас, спијам сама, но некако знам не е крај. Чувствувам разделбата е илузија, ме сакаш и повеќе, знам. Ти си мој, само мој, каде и да одиш, секогаш ќе останеш мој. Само мој.“
„Која и да дојде нема да те има за свој, секогаш мој, до небо високо, до небо до дно, мој“ порачува Каролина Гочева во својата нова љубовна песна.
Во целиoт проект вклучени се долгогодишни соработници на Каролина: Роберт Билбилов, Весна Малинова, Владимир Даниловиќ, Давид Николовски, Дамјан Миновски, Влатко Владимиров, Борис Ралев, Александар Билјановски – Дадар, Јована Зука и Јасмина Костиќ.
Леонтина Ѓорѓиевска, Веселин Трајковски се појавуваат како танчери, а кореографијата е на Елена Стојкоска и Ивана Балабанова (Beatrix Crew).
Спотот е снимен во Pro Light Studio, а извршен продуцент е Авалон продукција.
Во спотот Каролина облечена во ретко комбинации изгледа прекрасно и не се сомневаме дека публиката ќе биде воодушевена.
„Одлична песна, многу добар ритам“, Браво Каролона, ова сигурно ќе биде хит за 2022 година, „Одлична, баш добра за ‘џускање’. Каролина прекрасна како и секогаш, вечно девојче“,„ И спотот и песната се совршени, секоја чест девојко“, беа само некои од првите реакции на воодушевените слушатели.
Не пропуштајте да ја слушнете и вие новата песна за која сме сигурни дека ќе ви се допадне уште на прво слушање.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева