И како девојче била посебна
Познатата турска актерка Мерјем Узерли се прослави благодарение на својот специфичен изглед. Големи очи и порцелански тен на кои никој не може да остане рамнодушен, посебно откако се појави во улога на султанката во серијата Сулејман Величествениот и ги освои сите.
Таа неодамна објави стара фотографија и ни покажа дека и како девојче била вистинска убавица.
Хурем на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која има само 15 години, од која можеме да видиме дека не се многу променила. Можеби најголемата разлика е што тогаш имала долга кафеава коса, а нејзината тинејџерска убавина беше наградена со бројни лајкови и комплименти од бројните фанови на социјалните мрежи.
Но и покрај тоа што зрачи со природна убавина, Мерјем не одамна се најде и на удар на критики дека претерала со пластични операции.
Беше критикувана дека ги зголемила усните и направила корекција на лицето, но актерката до сега ниту еднаш не ги коментираше овие гласини.
Како таа изгледа сега можете да видите во продолжение.