Хурем во најубавото издание до сега: Сите зборуваат за фустанот на турската убавица- изгледа непрепознатливо откако драстично ослабна
Изгледа подобро од било кога...
39- годишната турска актерка Мерјем Узерли јавноста ја памети по улогата на убавата Хурем, во серијата Сулејман Величевствениот.
Уште кога се појави на малите екрани Мерјем ги освои симпатиите со својата специфична убавина.
Мерјем Узерли на 76. филмски фестивал во Кан се појави во долг, црн фустан и за ова нејзино издание сите се согласни дека изгледа непрепознатливо.
На премиерата на петтиот дел од франшизата „Индијана Џонс“, таа се појави облечена во долг црн превез на лицето, а кога го навлече над главата, ја откри својата долга портокалова коса и висечките сребрени обетки и дијамантски ѓердан.
Таа како и секогаш со шминка ги истакнала очите, а со задоволство им позирала на насобраните фотографи.
Долгиот фустан бил украсен со црни цветови.
Инаку, минатата година таа ја шокираше јавноста со драстичното слабеење па многумина се прашуваа што се случува со неа.
Како што еднаш објавија турските медиуми, набргу по породувањето, актерката се посветила на зафати и четири пати ги зголемила усните, ги нагласила јаготките и ги подигнала веѓите.
Мајката на две ќерки сега е во среќна врска, а таткото на малата Лили Кои вешто го крие од јавноста.
Да потсетиме, Мерјем првата ќерка ја доби со бизнисменот Кан Атеш (52). За време на снимањето на јубилејната 100-та епизода од „Сулејман Величествениот“ излетала од сетот и подоцна се дознало дека нејзиниот поранешен вереник Атеш ја наговорил да абортира и ја избркал од станот.
Поради тоа имала чести епизоди на депресија, но на крајот решила да ја роди ќерката Лара Џермин, која и го променила животот.