Реклама
Вирално

Хумани луѓе, ве молиме да и помогнеме на Ирена Танчева од Струмица да застане на нозе и повторно да може да си игра со своите деца

Реклама

Ве молам споделете

Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева

Драги мои пријатели и мои хумани луѓе, јас се извинувам ако ви досаѓам, но сакам да ви кажам како се чувствувам сега. Многу ми е тешко кога гледам каква сум била и кога сум била на нозе, кога сум можела да ги кревам моите деца во раце и да трчам со нив. Навистина не би сакала никому да му се случи ова, но многу е тешко 3 години да лежиш и да не можеш да станеш и да одиш ни во тоалет. Не можеш да ги кренеш своите деца во раце, да ги испратиш на училиште – навистина ми е тешко и давам се од себе да не плачам пред моите деца и моите родителу, затоа што знам дека и на нив им е многу тешко. И тие плачат, но не пред мене, да не ме растажуваат, но јас сум свесна за тоа. А најмногу ми е тешко кога ќе дојдат децата кај мене, кога ќе се затрчаат да ме гушнат, а јас не можам да ги гушнам, кога наместо јас да им давам храна и вода, тие ми даваат и кога ќе ми кажат – мамоо, јас не јадам, ако не јадеш ти, или кога ќе ми кажат – мамо ти ќе станеш и пак ќе си играш со нас, па ќе одиме заедно на пица, пак ќе трчаш по нас. Јас само ќе се насмеам и ќе ги испратам да одат да си играат, а кога ќе ме видат како плачам по вакви зборови, ми велат мамо не плачи ние сме до тебе, а очите им се насолзени.

Луѓе, знам дека ве замарам со моите маки но разберете ме дека ми е тешко и имам потреба да ви кажам како се чувствувам, бидејќи вие сте со мене и ако не сте вие, јас не би можела да дојдам ни до овде и да одам на лекување во Русија. Ви благодарам и продолжете да ме поддржувате.

Маркетинг

VE MOLAM SPODELETE Dragi moji prijateli i moji humani luge jas se izvinuvam ako ve zamaram no sakqm da vi kazam kako se…

Posted by Irena Tanceva on Wednesday, May 6, 2020

Маркетинг

Инаку, Ирена неодамна сподели фотографија од нејзината мајка со зборовите:

„Среќен роденден мамичке, биди ми здрава жива среќна и секоја замислена желба нека ти се исполни. Среќна сум што имам мајка како тебе и фала ти што ме изгледа и порасна и што до ден денешен ме гледаш иако имам 27 години. Те сакам, мамо“, напиша Ирена на Фејсбук под следната фотографија.

Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева
Фото: Фејсбук/ Ирена Танчева

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button