Џош Комбс е лондонски фризер кој одлучи фризерницата да ја замени со фризерски салон кој ќе биде на улица.
Ова момче кое има 31 година оди со својата опрема и нуди бесплатни фризури за бездомниците. Хуманиот Џош веќе со години ги шиша бездомниците, и исто како и секој добар фризер ги слуша нивните животни приказни и поплаки. Тој верува дека луѓето осудени да живеат на улица се еден од главните проблеми со кои се соочуваат големите градови во целиот свет. И дека на истите треба да им се помогне.
„Ова се луѓе во кои се гледам и себеси, и кога почнав да ги споделувам нивните приказни со другите, сфатив дека на овој начин би можел да допринесам за решавање на овој тежок проблем. И навистина ми е драго кога ќе слушнам дека луѓето навистина се заинтересирани за бездомниците што ги запознав на улиците на Лондон и нивните приказни“.
„Ова не е за заради фризурата за бездомници, туку за нивните животни приказни и времето поминато со нив. Тие се моменти кои се најважни за сите нас, на крајот на денот тие се она што го делиме едни со други.“
„Некои луѓе ме посетуваат неколку пати, а понекогаш ги среќавам само еднаш, но за мене, секој од нив е исто толку важен како и другиот, без разлика дали нашата средба завршува со голема насмевка или само со знак на благодарност “, вели хуманиот Џош.