Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Христос се роди! Навистина се роди!

Реклама

ХРИСТОС СЕ РОДИ! ДЕНЕСКА Е БОЖИЌ!

Со ваков поздрав си го честитаат сите верници кои го слават Божиќ , раѓањето на Исус Христос. Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците.

Маркетинг

Божиќ е ден на семејството, посветен на блиските  и претставува најрадосен христијански празник.На Божиќ се оди и во црква, христијаните да запалат свеќа и да оддадат почит на Христос и неговото дело. Рано изутрина во храмовите се одржува свечена литургија по повод Христовото раѓање.

Како што Христос бил роден во пештера близу Витлеем, затоплена и осветлена од неговите родители, се претпочита таква атмосфера да се создаде и во домот на секој верник. Со полна трпеза вкусна храна и задолжително присуство на јагне и црвено вино, роднините ја покажуваат меѓусебната љубов и верба, а со тоа и љубовта и вербата кон божјиот син Исус Христос.

Маркетинг

Денеска завршуваат четириесетдневните пости. Од Божиќ почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божиќ до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button