Реклама
Вирално

Хрват што живее во Австралија претепа бремена девојка затоа што била Муслиманка (видео со вознемирувачка содржина)

Реклама

На интернет кружи видеа на кое се гледа како во едно кафуле во Сиднеј маж тепа бремена жена која е муслиманка.

Како што пренесе Дејли Мејл, 31 годишната Рана Еласмар излегла на вечера со пријателките кога ја нападнал 43 годишниот Хрват од Австралија, Стипе Лозина. Тој е уапсен и ќе биде осуден за напад на жена.

Маркетинг

Шокантното видео од надзорните камери го прикажуваат Хрватот како се наведнува над масата на која седат жените и потоа почнува да ја тепа едната од нив, по што таа паѓа на земјата. Нејзините пријателки се обидуваат да го спречат нападот, но тој продолжува и со ногата ја гази жртвата, која клечи покрај масата.

Нападнатата бремена жена даде изјава за познатиот портал „The Daily Telegraph“ преку лидерот на муслиманската заедница и кажа дека се уше е во шок.

Маркетинг

Тој врескаше над мене и ми кажа „Муслиманите ја силуваа мајка ми“, изјави таа пред новинарите.

Сопругот на жртвата на овој страшен напад раскажа дека неговата сопруга многу ретко излегува од дома, но кога пријателките ја викнале на кафе, и кажал да оди и дека тој ќе ги почува другите деца што ги имаат.

За Хрватот судот не дозволи кауција и ќе остане зад решетки до следниот месец. Судијата му кажа во очи: Откако зборувавте за муслиманите, вие се доближивте до жртвата која е бремена и ја удривте во главата 14 пати. Тоа ќе го третирам како силен доказ против вас и вашето барање за кауција.

Тој е познат на полицијата и има огромно полициско досие.

Жената е физички и емоционално трауматизирана, но за среќа нејзиното бебе е во ред.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button