Реклама
Вирално

Хрватски научник објави едноставен трик кој ќе ве заштити од коронавирусот: Објави резултати од големо истражување

Реклама

Секој степен на намалената релативна влажност го зголемува индексот на трансмисија.

Човечката слузокожа внатре во устата, носот, дишните патишта и очите може како мембрана да помогне во заштитата од коронавирусот, но треба да се одржува влажна, смета хрватскиот молекуларен биолог Гордан Лауц повикувајќи се на своето искуство од научните трудови.

Најновиот текст „Сезоналноста на респираторните вирусни инфекции“, објавен на 16. мар во списанието Annual Review of Virology, чии автори се Миу Моријама, Валтер Џеј Хугентоблер и Акико Ивасаки, експерти од Универзитетот Јејл, Медицинскиот институт Чеви Чејс во Мериленд, САД и Универзитетот во Цирих го поткрепија тоа тврдење.

Маркетинг

Во трудот се нагласува дека освен надворешната влага многу важно е, да се води сметка за влажноста во загреаните простории. Големото истражување спроведено во Америка покажа дека во сезона на греење, релативната влажност на воздухот, во становите и јавните згради е помала од 24 посто, што многу придонесува за трансмисија на вируси, па тој податок се смета за еден од најзначајните елементи поради кој респираторните вируси имаат сезонски карактер.

До пренесување на вирусот, секако доаѓа и во влажни и во тропски услови, но тогаш пренесот не оди примарно преку воздухот, туку преку преку предмети и на други начини, додава Лауц.

Маркетинг

Претходната епидемиолошка студија во 100 кинески градови покажа дека секој степен на смалување на релативната влажност го зголемува индексот на трансмисија на Ковид-19 за 0,02 отсто. Тоа е во склад со истражувањата спроведени врз животните кои покажаа дека подигнувањето на влажноста од 20 на 50 отсто може да ја преполови трансмисијата на вирусот на грип, вели Лауц.

Проблемот со сувиот воздух е тоа што ја суши мукозната бариера која е наша примарна линија на одбрана од вирусните инфекции. Во нормални услови мукозната бариера функционира како мрежа која ги лови вирусите и ги исфрла од нашиот респираторен тракт.

Ако подолго време вдишуваме сув воздух, таа бариера се суши и станува нефункционална па вирусоте добиваат пристап до нашите ќелии и така може да не инфицираат.

Оваа мерка често се заборава во борбата со коронавирусот додека главно се истакнува избегнувањето социјални контакти и често миење на раце.

Вирусот не е многу смртоносен, но брзо се шири и може да доведе до колапс на здравствениот систем, дури и во развиените земји како Италија. Поради тоа мора да се потрудиме да го забавиме неговото ширење за луѓето на кои им е потребна болничка нега да се заразуваат во подолг временски рок, вели Лауц.

Апсолутната влага многу зависи од температурата, па секој пат кога ќе ги отвориме прозорците во зима губиме 1-2 литри вода од просечната просторија. За среќа, тоа може лесно да се поправи со користење на различни освежувачи или испарување на зовриена вода.

Меѓутоа, важно е да се напомене дека е потребно да испарат најмалку 3-4 литри вода дневно за да се достигне влажноста на воздухот од околу 50 отсто, напоменува Лауц.

Вирусите се наши вечни непријатели, досега сме изгубиле неколку битки, но се уште победуваме во таа војна и ќе ја преживееме и оваа епидемија. Две главни оружја во нашиот арсенал за „војна против вирусите“ се имунолошкиот систем и гликаните (полимери на јаглехидратите, учествуваат во градбата на клеточните ѕидови).

Повеќето интеракции меѓу нас и патогенот вклучува гликани, а разликата меѓу гликаните овозможува „вродена заштита на стадото“. Сепак, за да биде таа бариера ефикасна, мора да се одржува постојан проток на слуз, вели Лауц.

Поврзано

Back to top button