Хрватскиот ракометар „рипна во тавче“ со струмичанката Душица – ПОГЛЕДНЕТЕ каков фустан одбра невестата за свадбата
Хрватскиот ракометар и репрезентатвец, кој еден период ги бранеше боите на ракометниот клуб Вардар, стана македонски зет.
Срцето на Игор Карачиќ го украде убавата струмичанка, манекенката Душица Андоновска.
Љубовната приказна меѓу Душица и Игор започна пред скоро две години, но со сите сили се трудеа да ја скријат од јавноста и беа доста успешни во тоа.
Во едно свое интервју ракометарот откри дека љубовта на својот живот ја запознал токму во Македонија.
„Тоа е приказна за цел живот, осум години поминав таму, Скопје ме врза за цел живот. Македонците напишаа дека можеби ќе живеам таму, но не е така, јас сум повеќе за потегот од Мостар кон југ. Вистина е дека во Скопје ја најдов и љубовта, но тоа не значи дека ќе се вратам таму.
Со отидов од спортски причини,затоа што некои работи престанаа да функционираат.
Добив одличен договор во Полска, добив врвен клуб и прилика да се остварам како играч. Келце е одлична екипа, и само треба да продолжиме така понатаму. Нема сличности со Вардар, тоа не е за споредба, различен е менталитетот“, озјави тогаш Карачиќ за хртватските медиуми.
Пред неколку месеци тие одлучија веста за нивната љубов да ја обелоденат јавно. Медиумите не престанаа да пишуваат за нив и да ги следи во секој чекор.
Тие двајца ретко објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, но кога ќе го сторат тоа обично е поврзано со некој романтичен гест кој го прават еден за друг.
По повод роденденот на Душица, успешниот ракометар ѝ приреди романтично изненадување.
Тој ѝ подари големо плишано мече на кое беше залепена нивна заедничка фотографија и јавно ѝ изрази љубов на својата сакана.
„На овој посебен ден се роди една посебна личност. Среќен роденден. Те сакам многу“, напиша ракометарот, а таа му возврати дека и таа го сака.
Душица одлучи да го следи својот сакан каде ѝ да оди, па откако тој потпиша со полскиот шампион Кјелце, Душица даде отказ од своето работно место и замина да живее со него.
Пред извесен период во јавност беше објавено дека Игор ја запросил Душица.
На социјалните мрежи беа објавени фотографии од романтичното запросување.
Најмногу внимание привлече секако убавиот прстен кој го доби Душица.
Честитки веднаш почнаа да се нижат, а колку всушност е романтичен ракометарот се гледа по тоа колку се потрудил околу веридбата. Станот го исполнил со цвеќе, но и црвени рози, со помош на чии ливчиња напишал „Те сакам“.
Карачиќ нарачал и посебна торта на која пишувало „Ќе се омажиш ли за мене“, а убавата Душица не можела да ги скрие солзите радосници.
Парот иако најавуваше голема свадба во Мостар, сепак се одлучи за скромна венчавка.
Игор и Душица стапнаа на лудиот камен.
Свадбата секако се случи во Мостар, но во присуство на најблиските роднини и пријатели. Освен бракот, тие го прославија и роденденот на Душица.
За овој свечен настан Душица се одлучи на краток фустан кој ги истакнува нејзините совршено долги нозе.
Младоженецот го испочитува својот спортски дух, па костимот го искомбинира со патики.
Фотографии од свадбената церемонија сподели и ракометарот на Вардар, Германецот Кристијан Дисингер, кој е во врска со сестрата близначка на Душица, Марија Адоновска.
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Инстаграм