Наши ѕвезди

Хрватскиот пејач полуде поради маските: Детето тешко ми дише, нема воздух, некој овие денови ќе ви…

Advertisement

Хрватскиот музичар Ален Витасовиќ (52) се пожали на социјалните мрежи на одлуката дека учениците мора да носат маски во текот на наставата за да се спречи ширењето на вирусот.

Advertisement

– Да ви e**м мајка! Мојата ќерка мора да носи седум часа маска на училиште. Тешко и е, без воздух. Некој овие денови ќе нае*е многу, напиша Ален на Фејсбук.

Не негодуваше само Ален, туку со коментари му се приклучија и други негови пријатели на социјалните мрежи. Зборуваа како на децата им е тешко да дишат под маски на горештината.

– Сите родители треба да се побунат и да не ги пуштаат децата на училиште со тоа. Кога никој нема да дојде на училиште, ќе престанат да не зае****aт – пишува во еден коментари.

Advertisement

Ален во коментарите се огласи уште еднаш по повод оваа тема.

-Некој татко ќе полуди. Можеби и јас. Се можеш да ми допреш, само ќерката и синот не, напиша пејачот.

Во понеделникот на 7. септември почна новата училишна година во Хрватска, поинако од претходно. Учениците мора да носат маски во текот на наставата и не смеат да седат еден до друг. Иако повеќето ученици на првиот ден на училишната година дојдоа на настава, дури 2.111 се во самоизолација.

Според податоците на Министерството за наука и образование, до неделата се забележани 72 деца на возраст до шест години позитивни на ковид-19, додека 210 позитивни се на возраст од 7 до 18 години.

Во самоизолација се 149 просветни работници, а 38 се позитивни. Во седум училишта наставата почна онлајн, а една го одложи почетокот за следната недела, објавија хрватските медиуми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button