ХРВАТСКА ТАГУВА – почина познатиот актер!

Тажната вест ја потврди Загрепскиот куклен театар
Денеска почина хрватскиот актер Бранко Смиљаниќ, пишува 24сата.хр.
Тажната вест за споменатиот медиум ја потврди неговиот матичен Куклен театар од Загреб.
– Почина по долго и тешко боледување. Во театарот беше активен до последниот ден – изјави Петра Мрдуљаш од Односи со јавност.

На социјалните мрежи од него се прости и актерот Синиша Ружиќ.
– Збогум Бранко – напиша тој.
Бранко е роден во Загреб во 1956 година. Глумеше во бројни хрватски серии, од кои некои се „Љубав у залеѓу“, „Забранета љубов“, „Гордоста на Раткаеви“, „Битки и принцези“.
Беше член и на Куклениот театар во Риека од 1978 до 1985 година. Во Загребскиот куклен театар е од 2003 година и играше во претставите „Одисеја“, „Малата сирена“, „Нева Невичица“, „Волшебна флејта“.




