Новости

Хрватска му даде корпа на Саша Ковачевиќ во исто време додека снаата на Лепа Брена продава уште една Арена во Загреб

Advertisement

И додека Александра Пријовиќ ја распродава петтата Арена во Загреб, деновиве во Хрватска се откажани помалите настапи на српските изведувачи.

Хрватските медиуми јавуваат дека сега е откажан настапот на Саша Ковачевиќ кој требаше да се одржи во ресторанот Берекин на место кај Задар.

Advertisement

Фото: Фејсбук

– На големо жалење на нас како организатори, но и на голем број заинтересирана публика, ве известуваме дека сме принудени да го откажеме концертот на Саша Ковачевиќ, кој беше закажан за 24 ноември.

Advertisement

Во нашиот бизнис се водиме од политика на транспарентна комуникација, почитувајќи ги ставовите и мислењата на жителите на општина Бибиње и другите мештани, поради чие несогласување ја донесовме оваа тешка одлука со нашиот избор на изведувачи – велат од Берекин со информации за рефундирање за купени билети.

Малку подоцна проговори и сопственикот на таверната.

– Ова требаше да биде прв концерт на српски изведувач, а се покажа како прво откажување на концерт што го имавме. Сè се случи брзо, неколку дена по објавата добивме пораки и некои повици, немаше непријатни зборови, но не сакавме да се доведеме во непријатна ситуација – вели Марко Некиќ, сопственик на таверната Берекин, пренесува Индекс.

Александра Пријовиќ го најави својот петти концерт во загрепска Арена и стана апсолутна рекордерка по бројот на закажани настапи во Арената Загреб.

“Петта арена, петта ноќ на љубовта и петпати ви благодарам! Горда сум и благодарна од сѐ срце за количината на љубов и поддршка што ми ја давате.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Не знам што друго да ви кажам – освен дека ве сакам и едвај чекам да уживаме и да создадеме спомени кои ќе ги негуваме и засекогаш ќе ги паметиме. Верувајте ми дека секоја вечер во Загреб ќе биде посебна“, им порача Пријовиќ на своите фанови преку Екстра ФМ при гостувањето во Загреб.

Александра Пријовиќ веќе распродаде четири концерти во Арена Загреб. Таа ќе настапи во полната Арена на 1, 2, 3 и 4 декември годинава. Билетите за првите три концерти беа продадени во рок од 24 часа, додека за четвртиот беа потребни нешто повеќе од 48 часа.

Пријовиќ овој месец три пати ја наполни белградската Штарк Арена, но се чини дека има повеќе обожаватели во Хрватска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button