Во целиот регион се откажани сите концерти, а пејачите најгласно признаваат дека коронавирусот влијае на нивната работа. Хрватските музичари во март од Фондот за солидарност на музичката унија добија скромна финансиска помош.
Ако наскоро не дојде до промени, музичарите и нивните менаџери и организатори на концерти од Хрватска планираат масовен протест, пишуваат хрватските медиуми.
https://www.instagram.com/p/CB73A9aFIio/
Пејачката Нина Бадриќ раскажа дека ситуацијата е лоша, но и таа не бара милостина, туку само да и дозволат да пее.
https://www.instagram.com/p/CCO8cK9FYTz/
– Не само што ќе одговорам, туку ќе бидам меѓу првите кои ќе дојдат на тој протест. Последните пет месеци немав никакви приходи. Како јас, така и 14 луѓе кои ги вработувам. Тоа значи дека ниту една банка не сме добиле ниту членовите на нивните семејства. Никој од нас не бара милостина. Молиме да ни се овозможи да работиме и чесно да си ги заработиме своите пари. Ако се најде начин за угостителите и за одредени фестивали, не гледам во што е проблемот и за нас да се отворат вратите за работа, вели Нина.
https://www.instagram.com/p/CCf9slIlIdx/
https://www.instagram.com/p/CCorar7F8RW/