ХОРОР ВО ГРАДИНКА Дете проголтало средство за чистење, веднаш пренесено во болница

Немил инцидент се случил вчера во градинка во околината на Велика Горица
Деветнаесет месечно дете завршило во болница со оштетување на слузокожата, откако проголтало средство за чистење, јавува Дневник.хр.
Тврдат дека се работи за грешка на вработен, поточно на чистачката. Површината во градинката ја испрскала со средство за чистење и не ја бришела и исчистила добро, изјави директорката на градинката.

Детето со раце ја допирало површината со средството за чистење, а потоа ја ставило раката во уста и се повредило.
Детето, велат од градинката, нема да има сериозни последици.
„Тоа е стресно за нас и за тој што го направи тоа, а да не зборуваме за родителите и низ што поминуваат. Ситуацијата е очајна“, рече таа, додавајќи дека контактирале и со адвокат бидејќи тоа е сериозно прекршување на должноста и дека нема да помине без одредени мерки.




