Кои модели ќе бидат хит на плажите ова лето
Силни бои
Моделите инспирирани од 90-тите години на минатиот век се совршен избор за оние што на одмор сакаат да бидат активни и да ги посетат сите журки и фестивали што се случуваат на плажа – и во најголема гужва ваквите модели се истакнуваат и ќе ве однесат во центарот на вниманието, а многу лесно можете да ги носите и со шорц или здолниште.
https://www.instagram.com/p/BhmS5PqlDUV/?utm_source=ig_embed
Ретро стил
Оваа сезона во мода се и костимите за капење кои се украсени со риги и точки како и дводелните модели со гаќички со висок струк кои потсетуваат на легендарниот и неодолив медитерански стил кој во 50-тите и 60-тите години од минатиот век го популаризираа дамите како Мерилин Монро, Брижит Бардо и Џина Лолобриџида.
Едноделни
Од оние кои се зачинети со панделки и карнери па во горниот дел изгледаат како фустани, се до моделите со длабоки прорези, подигнати во долниот дел така што ги откриваат колковите и кои важат за вистински хит.
Егзотични дезени
Егзотичните, тропски дезени се добредојдени и ова лето …
Повеќе модели на костими за капење погледнете во галеријата на почетокот од текстот…