Хит издание на Сашко Коцев од младоста – исплива фотографија на Фејсбук, нема да го препознаете
Еве како изгледал познатиот актер пред 20 години
Многумина не би го препознале, а фотографијата ги насмеа сите
Еден од нашите најпознати актери Сашко Коцев (43) објави стара фотографија со која ги воодушеви своите бројни фанови.
Тој им е омилен на многумина заради смислата за хумор, а овој пат пријатно ги изненади потсетувајќи се на својата младост.
Имено Коцев кој во последниот период е активен со неговиот стенд-ап со кој полни сали повеќе и од Александра Пријовиќ (и неговиот настап за 18 септември е распродаден), објави фотографија од своите ергенски денови, кога социјалните мрежи беа во самиот зародиш, а мобилните телефони не изгледаа ни далеку како овие сега.
Фејсбук, Сашко Коцев
Фотографијата е направена за реклама за Радио Браво од Куманово, во далечната 2004 година, напиша Сашко во описот.
Фејсбук, Сашко Коцев
Но и покрај тоа што изгледа различно, овој негов легендарен израз на лицето останува непроменет до ден-денешен.
Фејсбук, Сашко Коцев
Потсетуваме, покрај бројните успеси на професионален план и многуте награди и признанија што постојано ги освојува како актер, Сашко Коцев е исполнет и на приватен план.
Фејсбук, Сашко Коцев
Тој наскоро ќе прослави и 12 години брак со неговата понежна половина, убавата докторка Смиљана Бундовска, а круна на нивата љубов е ќеркata Јоана која следниот месец полни седум години.
Фејсбук, Сашко Коцев
Што се однесува до тоа каков е Коцев како татко, тој во една пригода, во шега, за Гламур магазин го изјави следново:
„Најубавите мигови на еден татко се – од раѓањето на бебето, до земање од болница на мајката и бебето. Тоа некогаш се три, а некогаш пет дена. Зошто?Па твојот семеен буџет е неограничен, славиш до сабајле пет дена, мноооогу си среќен, дури и ако не славиш сопругата те прекорува и вика оди бе негде со другарите, нели си среќен!!! А што е најважно, ти си женет и имаш дете! (Смеење)“.
Фејсбук, Сашко Коцев
„Инаку, што се однесува до тоа каков сум како татко.. тоа не можам да зборувам за себе каков сум. Се трудам максимално да бидам грижлив, присутен, забавен како татко, готвач-татко.. и се што повлекува татковството. Посебно татко на првото дете“, изјави тогаш познатиот актер во неговиот препознатлив, шеговит стил.