LIFESTYLEВирално

Херој Марко со голема порака: Ќе продолжам понатаму, нема откажување!

Advertisement

Но, Марко не се откажува, повторно ќе се обиде кога ќе има услови за тоа.

Благодарност до сите што ме поддржуваат, преубаво беше кога ги читав сите коментари, тоа ми даваше уште поголема мотивација за да издржам. Малиот херој Марко Пејчиновски беше приморан да го прекине соло-маратонот поради болки во ногата.Поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.

Advertisement

Марко денеска се појави на охридското пристаниште за дружење на лицата со ретки болести.Малиот Марко не крие дека е разочаран што беше принуден по речиси шест часа во вода се прекине, но и порача дека наскоро повторно ќе се обиде да го оствари големиот подвиг.

„Не ми е сеедно, но се чувствувам убаво, нема откажување. Следната година здравје.  Благодарност до сите што ме поддржуваат, преубаво беше кога ги читав сите коментари, тоа ми даваше уште поголема мотивација за да издржам. Но, големата болка си го направи своето. Имаше големи бранови и силна струја што беше најтешкиот дел. Околу еден час речиси пливав во место“, изјави Марко од центарот на Охрид.

Пејчиновски не успеја во соло маратонот, но дефинитивно доби статус на национален херој, со оглед на тоа дека цела Македонија вечерва беше во исчекување на тоа како ќе заврши овој негов хуман подвиг.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button