Хармоникашот Горан Алачки сподели тажна вест – Македонија ќе те памти. Почивај во мир и вечна ти слава
Почина Костадин Костадиновски, музиколог, композитор и еден од основачите на „Фолк Фест Валандово“...
Во 86-та година од животот почина Костадин Костадиновски, еден од најпознатите македонски музички новинари.
Судбината беше тој да почине во очи на 37-то издание на Фолк фест Валандово, фестивалот на кој тој беше еден од основоположниците.
Покрај овој фестивал Костадин беше творец или еден од основачите и на уште неколку други исто така значајни фестивали во Македонија: Познатиот битолски фестивал „Интерфест“, потоа фестивалот Тетовски „Филиграни“ (фестивал кој подоцна беше префрлен во Скопје како „Филиграни“), „Еврофест“ и фестивалот „Денови на уметноста на децата сираци од балканските држави“.
Почина во својата 86 година од животот, а долги години работеше како музички уредник и новинар во Македонското радио – Радио 2.
Тој иако беше во пензија, беше активен и учествуваше во многу проекти. На социјалните мрежи многу негови пријатели и колеги се збогуваа со него, а новинарката и водителката на многу негови фестивалски проекти, Катерина Стојановска-Десковска напиша:
„На 26.05. 2024 не го напушти МРТ колегата и фестивалски соработник Костадин Костадиновски, кој неодамна наполни 88 години! Почивај во мир и спокојство, сочувство до семејството и последен поздрав денес, шонеделник 27.05 24 од 11 до 12 часот во капелата во Радишани, а погребот е во 12 часот“ – сподели на својот Фејсбук профил водителкта Катерина која долги годни беше една од најблиските соработнички на покојниот Костадиновски.
„Почивај во мир драг колега од МРТ – во пензија, но постојано работно, соработник на многу проекти, музиколог, музички уредник и директор на Македонско радио, автор на 5 книги и 5000 критики, музики и текстови што ќе живеат вечно. Идеен творец на фестивалите Валандово, Интерфест, Филиграни, Евровест, Костадин Костадиновски. Денес понеделник 27.05.24 последен поздрав со тебе од 11 до 12 часот во капела Радишни, погребот во 12 часот Гробишта Радишани. Искрено сочувство до семејството“, додаде познатата водителка.
На социјалните мрежи од покојниот Костадин се збогуваше и хармоникашот Горан Алачки кој напиша:
„Тоа беше човекот кој интервентно ,на своја одговорност ги прими песните на Фолк Фест Валандово ….. Едно срце имам, Бисер Балкански , Дојди Лено на перниче бело ……Заедно со Леонид Манчев , Драги Митев , ја напишаа новата историја на НАШАТА МАКЕДОНСКА новосоздадена песна…. Почивај во мир ….и…вечна ти слава…Македонија ќе те памети како големина и великан на едно време во кое ти постоеше, стои во објавата на Алачки