Вести

Харис Џиновиќ се разведува

Advertisement

Еден од најпознатите естрадни парови Харис и Мелина Џиновиќ решија да стават точка на деценискиот брак.

Иако емотивната врска ја започнаа во 2002 година и имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина, тие се венчаа 12 години подоцна.

Advertisement

– Мелина и Харис се одлучија за спогодбен развод, бидејќи нивната врска веќе некое време не оди добро. Тие ја донесоа најдобрата можна одлука за нив и нивните деца во моментов. Харис веќе се иселил од нивната вила во Сењак, а Мелина останала таму со децата. Процесот на развод е во тек, а подоцна ќе се утврди како ќе се распредели имотот меѓу нив – открил за Пинк.рс добро упатен извор близок до семејството Џиновиќ.

Инаку, љубовната приказна на популарниот пејач и познатата модна дизајнерка започна во 2002 година, кога Мелина беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореа, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.

Како што признала години подоцна, Мелина без многу размислување започнала врска со Харис. Двајцата се венчаа по 12 години заеднички живот, а својата вечна љубов ја крунисаа во 2014 година на луксузна јахта, закотвена во близина на Дубровник.

Како што пренесува Курир, Мелина се огласила и го кажала следново:

– Разберете ме, не би зборувала на таа тема. Ви благодарам – рече таа за српски Курир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button