CelebrityДиетиИнтервјуФитнес

„Харизмата на Лила дополнително го прави секој тренинг забавен и уникатен“

Реклама
Реклама

Дипломиран професор по физичка култура, но и долгогодишен фитнес инструктор во Македонија. Многумина го препознаваат како професионалниот фитнес тренер на Лила Филиповска, но и тренер на многу други познати личности. За неговиот живот за спортот и исхраната разговараме со Бранко Десовски…

Од кога вежбате вие?

Од рана возраст активно и во дел професионално спортував во неколку области, а теретаната беше вклучена во подготвителниот период кај дел од нив кога мојата возраст го дозволи тоа (после пубертет).

Сепак целосно со теретана почнав при почетокот на студиите на Факултетот за физичка култура, каде за потребите на практичниот дел од предметите морав да ја подобрам мускулната сила. Секако, исклучиво тежинскиот тренинг и прогресивното оптеретување го овозможува тоа. Неверојатното подобрување кај мене створи интерес за посериозна анализа на бенефитот од теретаната врз основните моторочки способности (мускулна сила, мускулна издржливост) кои директно се поврзани со промена на телесната структура ( зголемување мускулна маса, намалување телесни масти). Токму тоа беше и тема на мојата дипломска па еве ме денес веќе долги години професионално занимавајќи се со најубавата работа, Фитнес (персонален)Тренер.

Маркетинг

Колку време ви беше потребно да ја постигнете формата која ја имате денес?

Кога ќе погледнам наназад имам постојано подобрубање на формата во однос на годината претходно. Она што особено ме радува е што сето тоа сега го постигнувам со далеку помалку труд. Фитнес индустријата постојано се менува, она што важело во минатото сега е дури е смешно. Јас се трудам постојано едукативно да се надоградувам и не жалам што годишно многу средства вложувам учествувајќи на онлајн семинари, купувајќи книги од светски најпознати автори за програмирање на тренинг и исхрана со што целиот процес на телесна трансформација кај мене а пред се кај моите клиенти станува максимално достапен. Со еден збор индивидуална оптимизација на тренингот за врвен резултат.

Како се храните вие?

Многу едноставно. Јас јадам се што е моја омилена храна, без строги рестрикции и гладувања. Она што е особено важно е истата да не ги надминува бројќите на енергетскиот баланс креиран според мојата цел во дадениот период. Индивидуалната периодизација предвидува одреден калоричен внес кој се менува низ макро-периодот, вклучително со менливиот однос на макронутриентите според моето ниво на телесни масти и моментално ниво на енергија. Ова ми овозможува голема варијабилност во исхраната што само по себе значи прифатлива форма и доживотна одржливост. Она што е уште поважно овој начин ми овозможува брза трансформација во подготвителна фаза доколку имам потреба да ја постигнам најдобрата возможна форма за кратко време.

Маркетинг

Тренер сте на многу познати личности, кој до сега бил најнедисциплиниран?

Јас и моите клиенти функционираме на едноставен начин. Сметам дека целиот процес е еден вид партнерство помеѓу мене како тренер и клиентот кое мора да е на највисоко ниво. Доколку тоа не е возможно не ја прифаќам работата. Мојата работа одамна не е само да ги бројам повторувањата и да ги покажувам вежбите на справи притоа да давам произволни фенси вежби, атрактивни за гледачите кои сами по себе ке трошат калории. Мојата задача е она што не се гледа со голо око, едно повисоко ниво на создавање идеална периодизирана програма за тренинг и исхрана што ќе овозможи постигнување на крајната цел при подигнување на максималните психофизички перформанси на клиентот.

Како е да се биде личен фитнес тренер на Лила Филиповска?

Многу одговорност истовремено и задоволство. Задоволство бидејќи Лила е типичен претставник на модерното вежбање чија цел е постојаност, одржливост и долгорочност. Целата насока на мојата работа е токму тоа, создавање на доживотни здрави навики преку точно дозиран интензитет на тренинг кој ја прати соодветна исхрана. Лила сите овие 10 години наназад ми има дадено целосна слобода во организација на нејзиниот макро-тренинг период што перфектно се сложува со нејзиниот исклучиво професионален пристап во примена на истиот. Нејзината харизма секој тренинг го прави дополнително забавен и уникатен.

Каква треба да биде жената за да го привлече Бранко?

Јас сум малку старомоден, па во овој денешен имагинарен, материјален свет на илузии и искривени вредности се трудам да ја пронајдам реалноста. Затоа за мене вистинската вредност која ме привлекува е патријахално воспитана жена, со висок морал, етика и образование, дисциплинирана чиј приоритет е семејството. Жена која ги цени обичните работи, се радува на секој миг со најблиските, живее во сегашноста уживајќи во она што во моментот го има. Токму тоа е Елена, личноста со која јас градам живот.

Каква музика слушаш додека вежбаш?

Имајќи на ум дека цел ден сум со тренинзи а мојот тренинг е на крај слушам нешто кое ќе ме релаксира од напорниот ден а воедно ќе ме остави фокусиран на мојот тренинг. Воопшто не ми е омилена онаа мотивирачка “go-hard or go-home” музика или пак музика од топ листи туку “deep house” во некоја ориентална или електронска форма.

Како се снаоѓате во кујна?

Неретко знам да се пошегувам дека освен цедевита, друго незнам да направам. Сепак премалку време поминувам дома бидејќи со тренинзи почнувам рано наутро а завршувам доцна вечер со 3-4 часа пауза во средина на денот. Немам време да се занимавам со кујната па освен доручекот во голем дел опциите за моите оброци ги барам во проверени ресторани кои знам дека спремаат храна според моите дневни потреби.

Скара или сладолед?

Моментално сум во период кога мојата програма вели 3200 калории дневен внес што со добра организација на оброците само по себе дава простор и за двете, скара за сладолед.

Колку вода треба да се пие дневно?

Рецепторите за жед доцнат. Кога тие ќе јават дека ни се пие вода телото веќе е дехидрирано.

За да не се случи тоа препорачувам:

– една чаша вода на секој час во денот.

– два часа пред тренинг на секои половина час по една чаша вода.

– за време на тренинг на секои 15 мин по една чаша вода.

Дали нешто ви фали од детството?

Иако детството не е мерливо јас слободно ќе кажам дека во тој период буквално ништо не ми фалело. Благодарен сум на моите родители што ми овозможиле да растам во прекрасно семејство, да ми дадат доволно време и простор да го правам она што сум го сакал. За мене тоа е добра основа во целиот мој процес на школување, спортување и најважното учење како преку искрено дружење се создаваат искрени пријателства. Сметам дека во голема мерка во тоа време ја научив толеранцијата и почитувањето кон тие околу мене.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button