Хаос на настапот на Шериф Коњевиќ поради бакшиш, пејачот нападна млад човек кој се качи на бината (ВИДЕО)

Легендарниот музичар од Босна и Херцеговина Шериф Коњевиќ со децении важи за еден од најбараните пејачи.
Голем успех постигна со своите песни, а познато е дека првиот недвижен имот го изгради од песната „Бела венчаница“ ,со која направи голем подем
– Ова чесно го заработив и за ова се борев цел живот. Јас сум домаќин човек, сакам домот да биде чист, среден и пријатен.
– Работам многу, но домот никогаш не го занемарувам – изјави пејачот во една емисија, а потоа се присети на својот прв заработен недвижен имот, од периодот кога се уште не стекнал голема популарност.
Пејачот Шериф Коњевиќ доживеал непријатна ситуација на настап во Австрија.
Имено, додека го пеел својот голем хит, на сцената се качил маж и залепил банкнота на челото на пејачот.
Кога пејачот сфатил што се случува, се упатил кон младиот човек кој веќе бил задржан од обезбедувањето, а потоа му наредил.
– Не ми го прави тоа. Тоа, не го давам никому, на чело, тоа плукање – рече пејачот, а потоа продолжи со настапот.
Целиот настан набрзо стана вирален и почна да кружи на социјалните мрежи.
@n.nofficiall Serif Konjevic odbijanje baksisa/ Kafansko vece u Austriji😀#croatia🇭🇷 #macedonia🇲🇰 #serifkonjevic #serbia🇷🇸 #östtereich🇦🇹 #bosnia🇧🇦 #fyp #fyp #music #balkantiktok #tiktok #music ♬ Originalton – N_N
Инаку, пејачот Шериф Коњевиќ важи за крал на бакшишот, а во една прилика проговорил и за своите песни благодарение на кои заработил баснословни суми, пишува Блиц.
– Моите песни се автентични на сцената долги години и фала богу добро ме служи гласот и ми е подарок. Што се однесува до мојата забава, се забавувам исто како и сите други. Не би издвоил никого, сакам многумина, се сакаме и се почитуваме, манирите се многу важни, но песната прави се и носи нешто што човек поинаку не може – вели Коњевиќ во емисијата „Никогаш не е доцна“.
Се осврна и на бакшишот од приватни забави.
– Не сакам да зборувам за тоа. Кога ќе дојдам во ресторан да ручам, прво му се јавувам на келнерот да го почастам. Ако некој ме почести, сите ги сакаме парите на начин на кој живееме од нив, но сите во јавноста тоа го нагласуваат поради свадбените видеа, но ние немаме врска со тоа. Тие пари ги даваат, нешто на крај се враќа, не знам и не ме интересира. Јас го имам мојот хонорар, давам се од себе и толку – објасни Шериф.