Хаос на настапите на Јордан Митев во Австралија – фолкерот со срце и душа ги крева нашинците на нозе
Македонците од оваа земја го обожаваат
Познатиот пејач Јордан Митев одржа неколку настапи во Австралија каде салите беа полни до последно место.
Јордан важи за еден од најдобрите фолк пејачки од Македонија, но и еден од омилените пејачи на нашинците во дијаспората. Тоа посебно се однесува за Австралија од каде е и сопругата на Јордан, Славица, која за време на оваа турнеја на нејзиниот сопруг се породи.
Имено, Славица се породи пред само неколку дена, а среќната вест прв ја објави пејачот на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко“ напиша тогаш Јордан кој и покрај тоа пшто се оствари во улога на татко, работи со полна пареа за да ги одржи сите закажани настапи во оваа прекуокеанска земја.
И како што пишуваат нашинците од оваа земја, Јордан ги сруши сите музички турнеи на нашите изведувачи во Австралија и на секој негов настап салите биле преполн и се барало влезница повеќе.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Нашинците од оваа земја тоа го почитуваат и го наградуваат пејачот, а тој им возвраќа со песна и љубов.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата турнеја продолжува и во следните неколку недели, а како изгледаше на еден од неговите последни настапи, но и што коментираат неговите обожаватели, погледнете во продолжение.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев