Хаос на интернетот: Позната водителка од Македонија ја обвини НАЈПОЗНАТАТА руска убавица дека и го „украла“ фустанот?!
Марјана ова го носеше пред 10 години
Нашата позната водителка Марјана Станојковска гледајќи ги фотографиите од Мет гала забавата забележа тоалета која што со години претходно ја носеше.
Имено една од најубаво облечените дами на светски прочуената „Мет гала“ забава беше Ирина Шајк, идол на многу жени и една од најуспешните манекенки.
Шармантната дама се појави во интересен фустан кој е од последната колекција на „Mochino“.
Интересно, познатата македонска водителка Марјана Станојковска носеше сличен модел и тоа пред десетина години. Во прашање е креација со која што Станојковска се појави во спотот на Ѓоко Танески „Јас ја имам силата“.
Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија од нејзината и од тоалетата на познатата манекенка, а дали постои сличност меѓу нив просудите сами од фотографиите што ви се дадени во продолжение.
Во прашање е проѕирна креација зачинета со шарени цветови и со потписот на „Moschino“.
Што се однесува до Марјана, креацијата што таа ја носи е со потписот на Елена Лука.
„Ирина можела и тогаш и сега вода да ти носи, од сега нека учи од тебе“, „Сонце, штом го видов фустанот и сликата веднаш на тој спот ми текна“, „Добро е и ние да бидеме во нешто добро пред другите, не само да доцниме во се“, беа само некои од коментарите на нејзините фанови и пријатели на Инстаграм.
Цвеќињата ги покриваат чувствителните делови на познатиот супермодел, која целото издание го закружи со исто така „гo-ли“ високи потпетици од „Stuart Weitzman“.
Руската убавица беше насмеана додека шеташе на црвениот килим заедно со креативниот директор на Moschino и нејзиниот близок пријател Џереми Скот.
Погледнете уште неколку креации од овој бренд:
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino
Фото: Инстаграм/ Moschino