Една од најзгодните холивудски актерки ги запали социјалните режи со фотографија на која се пофали со својата нова тетоважа.
Имено, 52-годишната Хали Бери позираше топлес и го покажа својот стегнат грб пред камерата, а во центарот на вниманието беше нејзината голема тетоважа – гранка со листови, истетовирана вдолж рбетот.
„Кој вели дека не сум сирена?” таа напиша во описот на оваа фотографија што ја објави на нејзиниот профил на социјалните мрежи, облечена само во сребрено светкаво здолниште што наликува на опашка од сирена.
https://www.instagram.com/p/BumK_UTjtVf/
Нејзините верни обожаватели веднаш ја поплавија со пофалби и комплименти на сметка на нејзината феноменална линија која се должи на редовно вежбање и здрава исхрана, и многумина се согласија дека талентираната холивудска актерка со новата тетоважа изгледа уште посекси.
Но мислењата се поделени
Но има и такви кои не се согласуваат со ова. Имено, холивудската актерка и оскаровка која изгледа феноменално и на свои 52 години, со оваа тетоважа ги подели мислењата на обожавателите. И додека едни големиот бршлен на нејзиниот грб сметаа дека додава фактор на сексапил, други ја критикуваат што го унаказила своето прекрасно тело, а има и такви кои се убедени дека не станува збор за вистинска тетоважа, туку за кана, односно боја која се мие, нацртана на нејзиното тело само заради снимањето на најновиот филм.
Па, во која група спаѓате вие?