Реклама
Трендови

Фустанот што го „фураше“ Ема Стоун во мјузиклот „La la Land“ – жолта креација во чија изработка ништо не беше случајно

Реклама

Познатиот мјузикл „La La Land” со Ема Стоун и Рајан Гослинг во главните улоги ги освои срцата на публиката од целиот свет, а кога на американските улици се појави првиот рекламен постер со кој го најавуваа филмот, сликата за многу брзо стана и те како препознатлива.

На неа се прикажуваше пурпурнити ноќно небо, блескавиот град во позадина, Ема Стоун и Рајан Гослинг како танцуваат во занес – и преубавиот жолт фустан.

Маркетинг

Фустанот кој не беше случајност, и ја донесе номинацијата на дизајнерката Марија Зофрес за Оскар и го обезбеди своето место во историјата на костимографијата.

Маркетинг

Што се однесува до најпознатиот фустан од филмот, нејзината жолта боја беше инспирирана од фустанот што актерката го носеше во вистинскиот живот.

„Во прашање е боја која асоцира на радост. И тоа беше радосен момент во филмот. Нашиот инстинкт ни кажуваше дека изгледа одлично“, вели дизајнерката. И таа беше во право. Жолтиот фустан со квадратно деколте и суптилен дезен, кој беше специјално изработен за оваа пригода, од филмот „La La Land” стана дел од поп културата. И Ема Стоун, која е улогата во филмот доби Оскар, во повеќе пригоди покажа дека сака да ја носи оваа боја. Погледнете во продолжение некои од нејзините „жолти изданија”.

 

Поврзано

Back to top button