ФРЧАТ СТОРИЊА СО ЧЕСТИТКИ: Инбоксот на оваа позната личност преплавен, а Весна Бејби ги надмина сите…
Јадев 60-ка со кромид и нека ми е на здарвје, напиша Џамбазов.
Популарниот шоумен Игор Џамбазов денеска има јубилеј!
Тој слави роденден и тоа заокружува една убава значајна бројка, бројката 60.
Познатите личности уште од рано изутринава му испраќаат пораки и го означуваат на сториња.
Тој пак, во свој стил вели:
Јадев 60-ка со кромид и нека ми е на здарвје!
Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина.
Ако на крајот биде нерешено, ќе има и продолжетоци…Јадев 60-ка со кромид, среќен ми роденден и на здравје нека ми е!
Неговата најдобра пријателка и колешка Весна Бејби Петрушевска на оригинален начин со видео порака му посака добро здравје, да реализираат нова заедничка претстава и нова сезона на „Зелена агенда“.
Го искара и да внимава што прави вечер затоа што, како што вели на видеото, имала шпиони.
– И да те женам оваа година, па нели имам право да бидам и јас кума, посака искрени желби Бејби за Џмбазов.
И додаде:
И да не ме потресуваш веќе со тоа стентовите, чујали ме?!
Таа му посака добра забава вечер и му испрати бакнежи.
Те сакам најмногу, си знаеш. – заврши Бејби со преубавата искрена порака.
На објавата запишала „Среќен роденден братче“.
Меѓу познатите јавно му честиташе и Тамара Тодевска, Марјана Станојковска, Пере, Гуру Харе и многу други.
Игор објави едно стори по кое многумина ќе се запрашаат дали сака да испрати некаква порака дека му недостасува неговата љубена.
Тој објави фотогрфија на која стои натписот
Не сум сам(осамен) имам маче!
И тимот на Гламур.мк му го честита роденденот на Игор Џамбазов! Да си жив и здав и долговечен!