Реклама
LIFESTYLEВирално

Фрлила мали кученца во контејнер, сега и се заканува шест години затвор

Реклама

Една жена од Калифорнија беше уапсена откако беа пуштени шокантни снимки од камерата за надгледување, во која се гледа како во пластична кеса фрла мали кученца.

Полицијата ја уапси 54-годишната Дебора Сју Коувел и најде уште 30 кучиња во нејзиниот дом. Поднесено е обвинение против неа за повеќе прекршоци, вклучувајќи суровост кон животните, а ако биде прогласена за виновна, може да биде осудена на шест години затвор.

Маркетинг

Малите кученца беа пронајдени во контејнер во Калифорнија на температура од 30 степени во пластична кеса, од страна на еден човек кој случајно го слушна нивното лаење.

Кога ја извадил кесата од ѓубрето, пронашол седум мали териери. Се проценува дека тие биле три дена таму оставени.

Маркетинг

Тој ги оставил кученцата пред продавница за делови за автомобили, каде што ги пронашол еден муштерија. „Ако не ги спасил на време тие до сега ќе беа мртви на овие температури”, рече Риверсајд Каунти Животни Сервис.

 

Според информациите што ги објави Си-ЕнЕн, полицијата издала обвинение против жената. „Нема оправдување за ова, особено во денешно време кога може да ги однесете во засолништето кои подоцна ќе им најдат дом. Ова е навистина непријатно”, рече Крис Мајер, шеф на здружението.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button