Реклама
LIFESTYLE

Фризер бесплатно ишиша бездомник – еве кое лице се криело под брадата, сите останаа без зборови по трансформацијата!

Реклама

Овој фризер со еден потег успеа да го смени животот на еден бездомник.

FOTO: padoooficial / Instagram

Хао Коело Гуимерас има 45 години и три години поминал на улица, без покрив над главата и пристоен оброк. Среќата на Хао се променила кога еден бербер му понудил шишање и кратење на брадата.

FOTO: padoooficial / Instagram

-Го прашав дали е гладен и дали сака нешто да јаде. Одби храна и ме замоли да добие еден жилет за да се избричи. Вработените во берберницата дојдоа до идеја да му помогнеме на поинаков начин и ние да го разубавиме, рекол Алесандро, сопственик на безберницата „UOL“.

Маркетинг
FOTO: padoooficial / Instagram

Вработените не само што му ја скратиле косата на Хао, туку и го избричиле, му обезбедиле соодветни хигиенски услови за да може да се истушира. Не знаеле дека објавувањето на неговата трансформација на социјалните мрежи ќе го шокира неговото семејство кое мислело дека Хао починал пред 10 години.

Откако фотографијата од трансформацијата на Хао станала популарна на Инстаграм, неговото семејство останало во шок. На фотографијата го препознала неговата сестра Марија. Таа живее во Бразил и 10 години чекала да слушне вести за него, бидејќи мислела дека е мртов.

Маркетинг
FOTO: padoooficial / Instagram

Меѓутоа, иако сопствениците на берберницата организирале средба со неговата сестра, тој бил среќен што ја видел, но не сакал да живее кај неа, рекол дека на улица се чувствува слободно.

Причината поради која овој 45-годишен маж станал бездомник, фризерот не сакал да сподели со јавноста.

Поврзано

Back to top button