Реклама
LIFESTYLEВирално

(ФОТО) Љубовта е нашето најсилно оружје: Со маски се венчаа Светлана и Дуле

Реклама

И покрај вонредната состојба поради епидемијата од коронавирус, Светлана Керен и Душан Бабиќ покажаа дека љубовта е посилна од било која несреќа и трагедија.

Викендов во Бања Лука беше навистина невообичаено, особено во време кога речиси од целиот свет пристигнуваат видеа од празни градови како сцени од некој холивудски апокалиптичен филм.

Маркетинг

Придружувани само од матичарот и кумовите, Светлана и Дуле го кажаа судбоносното „ДА“, притоа почитувајќи ги мерките за „примерна оддалеченост“. На лицата носеа маски посебно изработени за овој момент, но и гумени ракавици.
На венчавката не присуствувале нивните родители затоа што се постари од 65 години, па за нив е на сила забраната за движење надвор од семејниот дом.

Маркетинг

– Свадбата ја планиравме во кругот на најтесното семејство, но ситуацијата е таква да мојата мајка, но и родителите на Душан мораа да останат дома. Ме радува што веста за нашата венчавка некому му го поправи расположението – им изјави Светлана на медиумите.

Таа и нејзиниот партнер за вистинската прослава ќе почекаат на некои поубави времиња. И покрај глобалната криза, овој нивен оригинален потег уште долго ќе се раскажува, а на оригинален начин и наздравија за нивната вечна љубов – со пиво Корона.

Поврзано

Back to top button